Трамп: Имам платено многу милиони долари за даноци
САД – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска преку Твитер одговори дека има платено „многу милиони долари данок“, но дека имал право на даночна амортизација и олеснувања.
Британските медиуми го пренесуваат американскиот претседател во појаснувањето дека неговите долгови се многу мали во споредба со имотот што тој го поседува.
Трамп веднаш реагираше на Твитер по објавувањето на извештајот во весникот „Њујорк Тајмс“, во кој се наведува дека за 2016 и 2017 година тој платил само 750 американски долари федерален данок на доход, затоа што подолго време пријавувал големи загуби на неговите компании.