Трамп и Руте ја повикаа Русија да не ја проширува војната во Украина


Американскиот претседател, Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по средбата во Палм Бич на Флорида, излегоа со заедничка изјава во која ја повикаа Русија да не ја проширува војната во Украина.

„Разговаравме за важноста Русија да избегнува какви било дејствија што, намерно или ненамерно, би ја прошириле војната што ја води, како и за значењето на постигнувањето мирно решение на конфликтот во Украина што е можно поскоро“, се наведува во заедничката изјава на двајцата лидери, објавена од Белата куќа по разговорот во приватната резиденција на Трамп.