Меланија Трамп им помогна на уште девет украински и руски деца да се вратат на семејствата


Вашингтон – Првата дама Меланија Трамп помогна во повторното обединување на седмата група од девет украински и руски деца со нивните семејства, со што вкупниот број на деца репатрирани во рамките на иницијативата достигна 43, соопшти денес Белата куќа.

„Децата во овој дел од светот, како и децата насекаде, не можат да разберат зошто географијата и владата ги доведоа во ужасите на војната“, рече Меланија Трамп во изјава за Асошиејтед Прес.

Меланија Трамп ја нагласи моралната обврска на возрасните да ги заштитат децата од поделбите што ја поттикнуваат војната и да им овозможат повторно да уживаат во секојдневните радости на животот.

Првата дама на САД рече дека повторното обединување на деветте деца со нивните семејства е постигнато „со целосна соработка“ на руските и украинските лидери.

Ова е најновото ангажирање на првата дама на САД во напорите за ублажување на последиците од војната на Русија против Украина, која започна пред речиси пет години, според АП.

Првата дама на САД рече дека повторното обединување на деветте деца со нивните семејства е постигнато „со целосна соработка“ на руските и украинските лидери.

Ова е најновиот ангажман на првата дама на САД во напорите за ублажување на последиците од војната на Русија против Украина, која започна пред речиси пет години, според АП.