Трамп и Меланија ќе го слават Божик на Флорида


САД- Доналд Трамп го напушти вчера Вашингтон  за да ги помине божикните празници во неговото приватно одморалиште Мар-а-Лаго во Флорида.

Нејасно е кога Трамп ќе се врати во Вашингтон. Како што забележа USA Today, предупредувањето од Федералната администрација за воздухопловство укажува дека тој се очекува да го напушти Палм Бич до 18:45 часот на 1 јануари. Ако остане толку долго, веќе на донесениот пакет стимулации од 900 милијарди долари може автоматски да се стави вето како резултат на тоа што тој не го потпиша.

Портпарол на Белата куќа не одговори на барањето за коментар дали претседателот има намера да стави вето на сегашниот стимулативен пакет.

Прес-канцеларијата на Белата куќа, сепак, инсистираше на тоа дека претседателот ќе остане зафатен, велејќи во изјавата дека неговиот распоред „вклучува многу состаноци и повици“.

Трамп претходно се закани дека нема да го потпише предлог-законот за помош вреден 892 милијарди долари, кој вклучува обезбедување помош за граѓаните на САД во услови на корона-кризата.

Трамп смета дека законот треба да се промени со цел да се зголеми износот на стимулации.

– Законот што сега планираат да го вратат на мојата маса е многу поразличен отколку што се очекуваше. Тоа е навистина срамота, рече Трамп во видео пораката објавена на Твитер.

Трамп побара од Конгресот да го зголеми износот на стимулации до 2.000 долари за физички лица и 4.000 долари за двојки, наместо „смешно ниските“ 600 американски долари за поединци, како што е наведено во предлог-законот.