Тошковски без прецизен одговор за бегството на Рамадани, чека да се произнесе Обвинителството


Фото: Б. Грданоски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва го повика Јавното обвинителство „максимално брзо и ефикасно“, да постапи согласно сите потребни процесни дејствија што треба да се преземат во насока да се расветли бегството на Блерим рамадани.

Прашан за бегството на косовскиот државјанин Рамадани, лице барано од страна на Интерпол за сторено кривично дело во Србија, Тошковски во гостување на ТВ Сител одговори дека на ова лице му бил изречен ефективен притвор, а после тоа првпат во историјата на Македонија, како што рече, на странец за екстрадициона постапка му се изрекува куќен притвор. 

Тој рече дека МВР ги има обезбедено сите потребни докази врз основа на кои ќе може да се утврди вистината и истите согласно процесни дејствија ќе ги достави до надлежен јавен обвинител.

Министерто Токовски најави дека од денеска МВР отвора посебна оперативна акција фокусирана на безбедноста на Градот Скопје, а предвидува зголемена присуство на полицијата на терен.

Тоа е, им порача на граѓаните Тошковски во „Тема на денот” на ТВ Сител, затоа што МВР сака да ја доведе безбедносната состојба каква што треба да биде.

„Од денеска официјално објавуваме војна на багабонтите и криминалците кои од страна на претходната власта им било дозволено толку многу да хараат како во Скопје, така и на целата територија на Македонија, затоа што мислат дека и сега истото ќе го прават, порача министерот Тошковски, откако беше прашан како е можно 200 лица затвореници да избегаат од двата затвори „Шутка“ и „Идризово“ во Скопје во 2023 година и дали можеме да се чувствуваме безбедни во Скопје.

Тој оцени дека државата е во катастрофална состојба, а системот, рече, е уништен.

„Но нема повеќе привилигирани. Секој еден што се огрешил и се посрамотил пред својот народ, а притоа злоупотребил овластување, особено ако станува збор за полициски службеници, државни функционери итн…. ќе одговара пред законот, беше дециден министерот за внатрешни работи Тошковски.

Што се однесува до најавата за тоа што ќе следува од есен за истраги од страна на МВР, Тошковски одговори дека истраги има и ќе има, но, подвлече, прашањето е колку професионално ќе се сработат и кој ќе биде ефектот од истите.

За полициска акција во тетовско Гајре, министерот Тошковски упати благодарност до сите професионлци и полицискуи службеници кои учествувале во вчерашната акција кога беше застрелан осомничен за убиство баран по потерница и бегалец од психијатрија во „Бардовци“. Тој информиа дека постоеле индиции и полицијата точно знаела за какво лице станува збор, ризично лице и било очекувано дека ќе одговори на таков начин. Поради тоа, истакна Тошковски, била активирана и специјална единица „Тигар“, кои дејствувале на ниво на задачата и високо професионално.

Во врска со убиството во близина на трговскиот центар Мавровка во Скопје, министерот Тошковски меѓу другото појасни дека се реагирало максимално ефикасно и брзо, не повеќе од два часа, кога е идентификуван, лоциран и фатен сторителот на убиството, кој пукал на полициските службеници во моментот на неговото лишување од слобода. Согласно доказите кои МВР ги има во рамки на постапките, тој бил во придружба на друго лице, кое е осомничено и за кое ќе се преземат соодветни процесни дејствија.