Тошковски бара поефикасен одговор од институциите, а тој води институција, велат од СДСМ
Уште колку животи треба да згаснат за Тошковски да поднесе оставка?, се вели во соопштението о на СДСМ.
Не е само последната трагедијата во која згаснаа животите на мајка и дете и коа ја потресе целата јавност.
Премногу трагедии, премногу згаснати човечки животи, премногу жртви поради сериозните пропусти во системот на МВР.
За случајот со трагедијата во Капорш две години имало дури 12 пријави за семејно, физичко и психичко насилство. МВР на Тошковски потфрлил.
За случајот со семејно насилство во Велес каде беа загубени два човечки животи исто така пропусти на МВР.
За случајот со серискиот убиец во Старо Нагоричане каде има 5 жртви исто така пропусти на МВР.
За трагедијата во Кочани исто така.
Сите овие случаи, сите овие трагедии го потврдуваат распадот на институциите и неспособноста на раководството на МВР да обезбеди заштита на граѓаните.
Наместо одговорност, јавноста гледа обиди Тошковски да ја побегне од одговорноста преку дефокус и медиумски кампањи.
Дефокусот нема да ги врати жртвите. Оставка на Тошковски е минимум политичка одговорност и единствениот морален чекор по ваков трагичен институционален неуспех на МВР.