„Торонто експрес“ – театарска претстава по мотивите на „Тибам Штркот“
По мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ на авторот Зоран Спасов – Ѕов, во просториите на Македонски народен театар (МНТ) ќе се одржи театарска претстава насловена „Торонто експрес“, во режија на Јордан Симонов. Премиерната изведба е закажана за 15-ти, а ќе има изведба и на 14, 16 и 20 декември.
„Тибам штркот“ еден од најчитаните текстови во 2008 година и според авторот, делото е обид да се види Канада со македонски очи, но и да се доживее со космополитска душа, да се доловат измешаните чувства на љубов, среќа, тага, радост, носталгија.
Режисер на претставата, Јордан Симонов на денешната прес-конференција посочи дека целиот процес на подготовка на оваа претстава бил возбудлив и креативен, поле каде што и тој и актерот Александар Митиќ можат да се изразат на начин на кој што сакаат.
– Кога го приочитав текстот на книгата, многу ми се допадна. Ми се допадна и стилот на пишување и начинот на кој авторот Зоран Спасов ги опишува работите и дојдов да идеја дека би можеле да направиме целото тоа писание би можеле да го преведеме на сцена, да го прераскажеме, но во други околности. Да отидеме на едно повисоко ниво, рече Симонов.
Претставата „Торонто Експрес“ е работена по мотивите на романот „Тибам Штркот“, што според режисерот, се чита за час и половина, но се прераскажува со месеци, години, па дури и децении.
– Толку многу фантастични работи најдов во самата книга, што беше тажно да не ја префрлиме на сцена и од тоа да направиме претстава. Влеговме во еден возбудлив и креативен процес кој малку подголо траеше, но среќен сум што го реализиравме.
Според Симонов, ако „Тибам Штркот“ е „апдејт“ на романот, тогаш претставата „Торонто Експрес“ е „апдејт“ на „апдејтот“.
Тој додаде дека во претставата има работи кои публиката ќе ги види, но нема да ги прочита во книгата.
Авторот Зоран Спасов Ѕов ја најави и промоцијата на книгата „Тибам штркот“, што ќе се одржи вечер во „Ист Гејт“ мол, и посочи дека и претставата и книгата имаат допирни точки, но далеку од тоа дека се идентични.
– Далеку од тоа дека се идентични, друг е главниот јунак таму, друг е овде. Во претставата има и други ликови кои во книгата не псотојат, така да препорака е и двете да се доживеат, рече авторот.
Тој напомена дека секој кој ќе ја купи книгата, добива и гратис влезница за оваа претстава, и на овој начин се креира еден мултитмедијален проект.
– Претставата е урнебесна. Микиќ е ненадминлив. Целиот тим, од режисерот до суфлерот, се фантастична екипа, и се надевам дека долгу ќе се игра, додаде авторот Зоран Спасов Ѕов.
Актерот Александар Микиќ на прес-конференцијата рече дека книгата е инспиративна, а најтешко во целиот процес на претставата е од книгата да се издвојат работи кои би се пренеле на сцената.
– Книгата е инспиративна, има многу хумористични работи во приказната. Имавме една огромна и тешка работа, бидејќи тешко е од толкава книга да издвоиш работи кои би ги кажал на сцената, а со кои би ги намамил луѓето да ја купат книгата. Најголемиот дел од рабатата беше во тоа што да изберееме како есенција на претставата, и решивме да се занимаваме со проблемот зошто луѓето си одат од Македонија, односно од целиот Балкан, рече Микиќ.
Токму со приказната за Канада, како што објаснува актерот, станува компетно јасно зошто луѓето ни бегаат од државата.