Топлото време го порани гроздоберот во Франција


Франција, во 2020 година ја доживеа својата втора најжешка пролет од пред сто години. Годинашново лето сигурно е дека ќе биде исто така едно од најжешките. Доволно за да го промени ритамот на француските лозови насади, кои ќе бидат подготвени за гроздобер од средината на август во неколку региони, додека вообичаените гроздобери обично се одвиваат кон крајот на август-почетокот на септември, јави дописникот на МИА.

-Лозовите насади забележуваат вонредно прерано зреење, за некои до еден месец во однос на 2019 година“, вели Агресте, службата за статистика на Министерството за земјоделство на Франција. Овој напредок, кој се припишува на глобалното затоплување, може парадоксално да ги радува на лозарите, кои очекуваат добар гроздобер благодарение на сончевата пролет и обилните дождови во јуни.

-Според првите проценки утврдени на 1 август 2020 година, производството на вино во 2020 година ќе биде во опсег помеѓу 44,7 и 45,7 милиони хектолитри. Годинашнава реколта ќе биде 6 до 8 отсто поголема од онаа од 2019 година. Без да биде висока како таа од 2018 година, таа би можела да се врати на нивото од пред 2017 година ”, година во која лозарите доживеаја болна епизода на мрзнење .

Овие рани берби, кои ветуваат дека ќе бидат дарежливи, ги принудуваат производителите да ги прилагодат мерките што се преземаат за да ги најдат сезонските работници, уште повеќе во оваа година обележани со епидемијата на коронавирусот. Производителите навистина очекуваат помал принос заради мерките што ќе треба да се преземат за да се спроведат бариери, како на пример создавање на насоки на движења во лозјето, на пример.

Секоја година, во просек се вработуваат 400 000 лица за бербата на грозје. Обично, една четвртина од сезонските работници ангажирани се странци. Со ограничувањата за патувања за сезонските работници, но и заради безбедноста, некои лозари се во искушение да вработат француска, локална работна сила, која сепак е поскапа.

Центарот за вработување, кои во оваа ситуација гледаат можност да невработените најдат работа, веќе го постави својот систем за регрутирање на берачи на грозје во Алзас, со специјална телефонска линија активирана во вторникот 11-ти Август; Слично е и во областа Шампањ.

По бербата, лозарите ќе имаат други проблеми. Ограничувањето на производството на вино, како во Шампањ, каде постои несогласување меѓу лозарите и винарските куќи околу прашањето на големиот принос на оваа берба. Соочени со намалувањето на продажбата поврзана со епидемијата на „Ковид-19“ и преголемите резерви, куќите сакаат многу помалку грозје отколку во 2019 година.