Тоалетата на Никол Кидман во боја на шампањ му даде сосема ново значење на празничното облекување
Сиднеј- Време е за свечани моменти, бидејќи Никол Кидман штотуку ја облече најпрекрасната тоалета во боја на шампањ токму на време за празниците – и уште поважно, новогодишната ноќ.
Иако црвената е бојата на избор меѓу познатите личности на тепихот во последно време ( Амал Клуни и Хејли Бибер), Никол Кидман тргна во друга насока за време на прикажувањето на нејзината претстојна серија на Amazon Prime, Иселениците, во Сиднеј во средата. Кидман пристигна во супер-бледо златна тоалета од модната колекција на Фенди за есен-зима 2023 година, која имаше деколте без прерамки, румени детали во средината и шлиц до бутовите. Соодветни беж високи потпетици од велур го придружуваа елегантниот фут, а актерката имаше додатоци со златна алка, соодветни обетки и дијамантски прстени. Блескавиот изглед го стилизираше долгогодишниот стилист на Кидман, Џејсон Болден.
Кидман која и се врати на природната, црвена боја на косата, изгледаше отмено со природни локни кои и го обликуваа лицето и со подигната и собрана коса. Нејзиниот глам одговараше на префинетата шминка со розови образи и розови усни.
Нјезиниот сопруг, кантри ѕвездата Кит Урбан, се координираше со неговата сопруга во класичен изглед со костум на риги и кошула и вратовтска во беж боја, како тоалетата на Кидман. Тој го заврши ансамблот со црни мокасини на платформа.