Тисенкруп ја продаде фирмата за лифтови за 17,2 милијарди евра


Германскиот конгломерат Тисенкруп денеска соопшти дека ја заврши продажбата на фабриката за производство на лифтови на приватни инвестициски фирми за 17,2 милијарди евра.

Тисенкруп со продажбата си обезбеди финансиска инекција, но во исто време остана и без својот најдобар имот.

Германскиот индустриски гигант во февруари постигна договор за продажба на фирмата ТК Елеватор конзорциум на чие чело се инвестициските фондови Адвент и Синвен, а германската РАГ фондација учествуваше како коинвеститор.

– Откажувањето од фирмата за лифтови, која има над 5.000 врабоени, беше тешка одлука, но беше неопходна во интерес на целата компанија, изјави генералната директорка на Тисенкруп, Мартина Мерц.