Тинејџер во САД паднал во кањон длабок 120 метри – преживеа
Тинејџер во американската сојузна држава Вашингтон преживеа пад од 120 метри од кањон со само „минимални повреди“, соопшти локалната полиција.
Како што јавува Би-би-си, тој бил спасен во „безбедна и успешна операција“. Локалната противпожарна служба извести дека тинејџерот има 19 години и има „неверојатна среќа“ што е жив.
Опасна патека
Младиот човек бил на планинарење.
„Тој одел по многу стрмниот раб на патеката што исто така е необележана“, рече Метју Веландер, шеф на противпожарната служба.
„Се лизнал сè до реката“, им рече Веландер на новинарите од местото на настанот.
Младиот човек превентивно е пренесен во болница.
Властите повторно ги потсетија луѓето да не пешачат во областа, која се вели дека е опасна и за пешаците и за спасувачите. Секоја година на тој локалитет се евидентираат несреќи со загинати.
„Им кажавме на луѓето да се држат подалеку од овие патеки бидејќи се опасни, но луѓето или не ги гледаат знаците за предупредување или ги игнорираат“, изјави полицаец вклучен во спасувањето.