Тинејџер скокнал во Матка, ја удрил главата во карпа


Деветнаесетгодишно момче се здобило со тешки повреди на главата во несреќа на кањонот Матка. Од МВР информираат дека момчето вчера околу 18.30 часот итно било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

„Според пријавеното, околу 18.10 часот во кањон Матка, додека седеле, Ч.Н. се решил да плива и од висина скокнал во езерото. Според пријавата, најверојатно се удрил во карпа под водата и кога испливал на површина обилно крварел од главата. Се работи на расчистување на случајот“, велат во полицијата.