Тетовец возел 111 км/час на место каде е дозволено 50 км/час

Вчера, во 09.57 часот, полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Х.А.(56) од с.Голема Речица, тетовско. На бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово тој управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 111 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 50 километри на час во населено место.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.