„Тесла“ ги намали цените на автомобилите во Кина

Производителот на автомобили „Тесла“ ги намали цените на своите електрични возила во Кина.
Сега треба да се издвојат 339.000 кинески јуани (43.000 евра) за основниот модел Y .
Во 2020 година, Тесла редовно се наоѓаше на првото место на месечните графикони за продажба на електрични возила, потпомогнати од лимузините кои излегоа од нејзината фабрика вредна неколку милијарди долари, која беше лансирана со голема помпа во Шангај една година порано. Сепак, минатата година ја обележаа и ривалите и се очекува во 2021 година компаниите да имаат уште посилна конкуренција.
Конкурент на Тесла е триото локални компании „Нио“, „Хпенг“ и „Li Auto“. Тие уживаат поддршка од владини агенции или интернет гиганти, а трите стартапи брзо добиваат обожаватели, продажбата на нивните електрични џипови, лимузини и кросовери растеше во 2020 година, а се зголеми и нивното пазарно учество. Електричниот џип на „Нио“, на пример, се продава за 368.000 јуани или повеќе.
Во исто време, „Тесла“ денес објави дека во 2020 година испорача повеќе возила отколку што се очекуваше поради зголемената побарувачка за електрични возила ширум светот.
Компанијата лани испорачала 499.550 возила, над проценката на Волстрит за 481.261 возило, според податоците на „Рефинитив“, компанија што ги следи финансиските пазари и инфраструктурата, пренесува Ројтерс.