Тешко повредена 23 годишна девојка-пешак во која удрило возило „БМВ“


Тетовската полиција информира дека ноќеска тешко е повредна 23 годишно женско лице откако во неа удрило патничко моторно возило. Настанот се случил околу 21 часот и 50 минути на булеварот „Видое Смилевски-Бато“.

атничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал М.П.(49) од тетовска Голема Речица удрило во 23-годишната Т.Р.(пешак) од тетовско Сараќино.Во несреќата Т.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била пренесена за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.