Тепачки низ државата, се тепале во семејството, но и во училишен двор


 

Повеќе физички напади нотира полицискиот билтен, при што некои напаѓале членови на семеството, еден работник е нападнат во училен двор, а нападнати се и другари во пекарница.

Имено, вчера околу 23.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово во Тетово го лишиле од слобода С.С.(30) од Тетово, кој претходно во семејниот дом се однесувал агресивно кон членовите на семејството. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Во 23.20 часот Е.Д.Н.(32) од Скопје пријавила дека околу 19.10 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање, била физички нападната од Г.Н.(44) од Скопје. Малку подоцна, во 00.40 часот (12.03.2022) В.Ѓ.(42) од Скопје пријавил дека на 11.03.2022 околу 20.15 часот на подрачјетото на Аеродром бил нападнат со тврд предмет од Г.Н.. Според пријавеното, причина за физичкиот напад биле несогласувања околу работата. Се работи на расчистување на случајот.

На 11.03.2022 околу 21.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово – ОВР Гостивар го лишиле од слобода 48-годишниот Ц.Џ. од гостиварско, кој физички ја нападнал неговата 51-годишна сестра. По документирање на случајот против Ц.Џ. ќе следува поднесок.

Денеска во 07.40 часот Б.Б.(21) од с.Буково пријавил дека околу 05.45 часот, во пекарница во Битола, тој и неговите двајца другари биле физички нападнати од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 12.30 часот било пријавено дека во двор од основно училиште во Велес, Р.Ј.(42) од Велес, како вработен во фирма за одржување, додека работел во кругот на училиштето, бил физички нападнат од Р.С.(25) од Велес. По целосно документирање на случајот против Р.С. ќе следи соодветен поднесок.

Вчера околу 22.00 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 31-годишниот Р.Б. од тетовско, кој претходно физички ја нападнал неговата 19-годишна невенчана сопруга. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.