Тело на бебе пронајдено во куп ѓубре: Било живо кога било фрлено

Се истражува идентитетот на девојче старо два дена пронајдено во ѓубре во центар за рециклирање


Мртво бебе е пронајдено во ѓубре во центар за рециклирање во Бремен, Германија. Обдукцијата, чии резултати ги објави канцеларијата на државниот обвинител во среда, откри дека бебето е родено живо.

Девојчето имало околу два дена и сè уште било живо кога било фрлено таму, објави „Ди Пресе“. Бебето било откриено во вторник наутро од вработен во компанија за отстранување отпад додека сортирал градежен отпад во пристаништето Бремен.

Детето било тешко повредено и починало од повредите. Како и зошто бебето било повредено сè уште не е јасно. Условите за складирање на градежниот отпад и ракувањето со отпадот, исто така, би можеле да играат улога, изјави портпаролот на канцеларијата на јавниот обвинител.

Сè уште не е познато каде било фрлено детето и како завршило во центарот за рециклирање. Не може да се исклучи дека девојчето пристигнало во центарот за рециклирање со транспорт на градежен отпад. Идентитетот на детето е исто така непознат, како и идентитетот и потеклото на нејзините родители.