Телескопот „Џејмс Веб“ откри величенствени снимки на прашина околу млада ѕвезда


 

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ вчера откри нови величенствени снимки од голем облак прашина во облик на песочен часовник околу ѕвезда во насанување.

Се работи за многу млада ѕвезда
Досега невидливи, тие облаци во портокалова и сина боја станаа видливи благодарение на инфрацрвената камера NIRCam.Многу млада ѕвезда, позната под називот „протоѕвезда L1527″, се наоѓа во соѕвездието Бик, а скриена е со ротирачки диск од гасови на нивото од стеснувањето на песочниот часовник.

Но, светлоста на таа протоѕвезда се пробива над и под дискот осветлувајќи ги празнините во околниот гас и прашина, објавија НАСА и Европската вселенска агенција ЕСА во заедничко соопштение.

Протоѕвездата е стара 100.000 година

Облаците настанале од материја која ја исфрлила ѕвездата која се судира со околната материја. Прашината е пофина во сините делови, во потешките е портокалова. Стара илјадници години, протоѕвездата е во најраниот стадуиум на настанок. Уште не може да створи сопствена енергија.

Црниот диск кој ја окружува, чија вредност одговара на отприлика на нашиот Сончев систем, ќе ја храни протоѕвездата со материјал додека не го досегне прагот потребен за почеток на фузија.

„Конечно, погледот на L1527 е сцена на она како изгледале нашето Сонце и Сончевиот ситем на својот почеток“, се наведува во соопштението. Молекуларниот облак на Бик, кој се наоѓа на околу 430 светлосни години од Земјата, се ѕвездена градинка со стотина речиси формирани ѕвезди.