Телефонска измама: 83-годишна скопјанка дала 30.000 евра на лажен лекар

83-годишна скопјанка измамена за голема сума на пари од лажен лекар.
– На 25.06.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје 83-годишна жена пријави дека од страна на едно лице била измамена за 30.000 евра. Имено, лицето и се јавило телефонски и се претставил како лекар, по што и рекол дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа и дека требало да ја оперира, но пријавителката требало да плати. Откако се договориле, таа ги дала парите на лице на возраст од околу 60 години, а подоцна сфатила дека била измамена, информираа од полицијата во денешниот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.