Тејлор Свифт испиша историја на Греми, еве зошто


Тејлор Свифт ја освои наградата Греми за албум на годината за „Midnights“ од 2022 година на синоќешното доделување на престижните награди во Лос Анџелес, со што стана женски изведувач со најмногу победи во категоријата. Имено, ова и е четврто Греми за албум на годината.

Наградата претходно ја доби во 2009 година за „Fearless“, во 2015 година за „1989“ и во 2021 година за „Folklore“. По прифаќањето на наградата, Свифт рече: „Би сакала да кажам дека ова е најдобриот момент во мојот живот, но вака среќно се чувствувам и кога ќе направам  некоја песна. За мене вистинската награда е трудот. Сè што сакам е да можам да продолжам да го правам тоа што го работам. Тоа ме прави многу среќна“.

Свифт му се заблагодари и на продуцентот Џек Антоноф, кого го опиша како еден од нејзините најдобри пријатели. Таа и Антоноф соработуваа на „Midnights“, како и на голем број нејзини претходни албуми. Таа се заблагодари и на пејачката Лана Дел Реј со која работеше на песната „Snow on the Beach“ од албумот.

„Мислам дека таа е легенда која во моментов е на својот врв“, рече Свифт, пренесува „Си-ен-ен“.