Театарот за деца ќе ја изведе „Гига мега бајка“ за ученици со попречености


По повод Светската недела на детето, Театарот за деца и младинци (ТДМ) денеска ќе ја изведе претставата „Гига мега бајка“ за ученици со посебни потреби од училиштето „Златан Сремац“  и децата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци.
– Со овој настан сакаме да ја одбележиме неделата на детето и да ја потенцираме потребата за инклузија на лицата со посебни потреби во сите сегменти на општественото живеење, вклучувајќи ја и уметноста како универзално средство за комуникација, соопшти ТДМ.