Татјана Васиќ-Бозаџиева и Фатмир Скендер станаа нови уставни судии

Денеска заврши дел од драмата со изборот на нови уставни судии откако правничката Татјана Васиќ-Бозаџиева и судијата Фатмир Скендер беа изгласани од Собранието. Во Уставниот суд има шетири непополнети места. Расправата за третиот предлог, јавниот обвинител Љубомир Јовески, не е завршена во надлежната комисија. Васиќ-Бозаџиева и Скендер веднаш ги дадоа и свечените изјави со што официјално стапија на функција.
И за Васиќ-Бозаџиева и за Скендер „за“ гласаа 65 пратеници, а еден беше „против“. Пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија пленарната сала пред гласањето бидејќи, како што рекоа, не сакаат да го легитимираат кршењето на процедурите при изборот на уставни судии и „урнисувањето на правниот поредок“.