Таравари повторно кандидат за градоначалник
Алијанса за Албанците денеска во Гостивар на седница на Централното Собрание ги утврди кандидатите за градоначалници. За Куманово – Беким Салиу, за Арачиново – Наим Синани, за Сарај – Ќерим Мамути, за Желино – Махир Зибери, за Теарце – Назим Таипи, за Брвеница – Арѓенд Гура, за Тетово – Вулнет Мурсели, за Боговиње – Албон Џемаили.
Кандидат за Гостивар – Арбен Таравари, за Врапчиште – Исен Шабани, за Дебар – Беким Поцеста и за Струга – Идри Истрефи.
За Општина Боговиње имаше тајно гласање каде членовите на Собранието требаше да изберат меѓу два кандидати, Албон Џемаили и Садик Сулејмани. Со мнозинство гласови, Собранието одлучи Албон Џемаили да биде кандидат за градоначалник.