Таравари остана без партија, но бара Ахмети да го снема од политичкиот живот


 

Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Вреди“, кој со последната одлука на судот во Тетово не е претседател на Алијансата за Албанците, бара Али Ахмети да си замине од политиката. Таравари, кој сега е без партија во конгломератот „Вреди“ напиша на Фејсбук:

„Али Ахмети ја преполни чашата! Време е за оставка!“

Таравари бара оставка од лидерот на ДУИ поради наводната злоупотреба на власта и богатењето на негово семејство.

„Злоупотреба на власта што доведува до нечесно богатење на него и на членовите на неговото семејство; Со децении држење на народот во заложништво со формулата ‘кај нас – вработен си, против нас – уништен’ или ќе заминеш во печалба; Водач на политичка група, кој во моментов е обвинет за тешки корупциски злосторства; Близок соработник со повеќе лица, кои се меѓународно барани;

Драматична штета по животот на луѓето, особено на Албанците“.

Барањето на Таравари за оставка на Ахмети беше проследено со лавина реакции и од други функционери на ДУИ.

Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, го нарече Таравари спин-доктор на Мицкоски. Тој го обвини дека албанска партиска фракција ја претворил во огранок на ВМРО-ДПМНЕ. Адеми напиша дека Таравари откако ги загубил печатите и законитоста и лажно се нарекува претседател на тој субјект, бара оставка од Али Ахмети – вистински лидер, избран од партиските органи и легитимен претставник на Албанците.