Амбасадорите на САД за Балканот посрамени: Немаат одговор дали ќе помагаат семејството на Трамп да се богати на Балканот? (ВИДЕО)


Сенаторот Крис Марфи објави видео во кое ги прашува номинираните амбасадори на САД во регионот, Роналд Џонсон  за БиХ и  Мајкл Јанг за Србија, дали ако биде побарано од нив да туркаат проекти што ќе ги полнат со пари џебовите на претседателот Доналд Трамп и на неговото семејство – ќе  прифатат или ќе одбијат? Ниту едниот ниту другиот не одговараат со јасно „не“, по што добиваат јасна лекцијас од сенаторот Марфи кој им вели „Не, момци,  одговорот е лесен – треба да кажете не!“ 

Во најавата на видеото стои дека семејството Трамп има големи бизнис интереси на Балканот и затоа побарал од двајцата кандидати за амбасадори во регионот да кажат дали  би ја користеле својата амбасада за да ги туркаат договорите и бизнис интересите на семејството Трамп. Ова ги репликите: 

Марфи: Амбасадоре Џонсон, што ќе одговорите ако од Стејт департментот ви побараат  да му помогнете на претседателот или на неговото семејство околу бизнис договорите?

Џонсон:Не верувам дека тоа ќе се случи.

Марфи: Мислите ли сепак дека е прифатливо за амбасадор да се залага за бизнис проекти на претседателот или на неговото семејство? 

Џонсон: Работа на амбасадор е да промовира економски интереси на САД во таа земја. Дали тие се поврзани со претседателот или не, е друга приказна. Ја разбирам вашата поента.

Марфи: Но, дали вие мислите дека е прифатливо за амбасадор да …

Џонсон: Не го велам тоа сенаторе.

Мафри: Значи, одговорот ќе биде да или не?

Џонсон:  Ако бараат да го промовирам економскиот развој во БиХ добредојдени се сите Американци да дојдат и да бидат промовирани.

Марфи: Дури и ако е во интерес на претседателот?

Џонсон: (Молк и превртување очи)

Марфи: Господине Јанг,  дали е прифатливо вашата амбасада да турка лични проекти на семејството на претседателот?

Јанг: Мислам дека дел од работата на еден амбасадор е да создаде клима во земјата така што американските компании и интереси ќе можат да се натпреваруваат со другите во фер услови.

Марфи: Не ми одговарате на прашањето. Вие знаете дека синот на претседателот има активни семејни проекти во Србија и не е незамисливо да побараат од вас да  се залагате за тие проекти, што ќе ги полнат со пари џебовите на претседателот на САД?Дали е тоа прифатливо за вас?  

Јанг: Сенаторе, мислам дека е обврска на амбасадор да ја поттикне земјата да ги земе во предвид сите можности.

Марфи: Момци, одговорот е – не. Не е прифатливо амбасадор да се залага  за проекти што ќе го богатат претседателот и неговото семејство. Тоа е лесен одговор.Одговорот е – НЕ!

Видееото е дел од вжештената предизборна кампаша за Конгресот што се води во САД во чиј центар меѓудругото е злоупотребата на претседателската функција од страна на претседателот и коруптивните зделки што ги турка во земјите од регионот – пред се во Албанија, во  Србија, во БиХ, но не е исклучена и Македонија.