Одложено судењето против струшкиот градоначалник Мерко за набавката на луксузен автомобил
Во Основниот суд во Струга денеска почна судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“, вреден 67 илјади евра. По барање на одбраната за целосен увид во списите, судијката Надица Митреска ја одложи главната расправа за 3 јуни годинава. На денешното рочиште не присуствуваше ниту обвинетиот, ниту неговиот полномошник, …