МНР: Средбата на историската и образовна комисија во позитивна атмосфера и размена на ставови


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, јави агенцијата Анадолија. Како што соопшти Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на претседателот на Турција, Ердоган и Путин разговарале за состанокот на преговарачките тимови на Русија и Украина, што се одржа во вторникот во Истанбул. Ердоган нагласил дека позитивниот и конструктивен состанок на делегациите на Русија и Украина во Истанбул буди надежи …

МНР: Средбата на историската и образовна комисија во позитивна атмосфера и размена на ставови Read More »

Македонија со скок од пет позиции на ФИФА ранг листата


Фудбалската репрезентација на Македонија за жал не успеа да обезбеди пласман на мундијалот во Катар. Иако славеше против Италија, во финалето нашата селекција загуби од Португалија. ФИФА ја објави најновата ранг листа, Македонија забележа скок од пет места, сега сме на 62. место. Бугарија која е наш противник во Лигата на нации се наоѓа на …

Македонија со скок од пет позиции на ФИФА ранг листата Read More »

Лајчак: Брисел да ги исполни ветувањата и почне преговори за членство со Скопје и со Тирана


Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак, денеска го поддржа ставот на шефот на Kомисијата за надворешни работи на Бундестагoт дека Брисел треба да почне преговори за членство со Скопје и со Тирана како и да воведе визна либерализација за Косово. -Целосно се согласувам со вашата проценка, објави Лајчак на Твитер. Неговиот твит …

Лајчак: Брисел да ги исполни ветувањата и почне преговори за членство со Скопје и со Тирана Read More »

Фудбал У-21: Фарски Острови ја изненадија македонската селекција


Во квалификациски натпревар за Европското првенство 2023, македонската фудбалска репрезентација до 21 година, вечерва загуби од соодветната селекција на Фарски Острови со 1:0. Клучниот момент на натпреварот одигран на Арена „Тодор Проески“ во Скопје се случи во 52. минута кога Стефан Радосављевиќ реализира пенал за гостите. Избраниците на селектор Драган Канатларовски одиграа слаб натпревар без …

Фудбал У-21: Фарски Острови ја изненадија македонската селекција Read More »

Застојот во проширувањето на ЕУ создава дополнителна нестабилност на регионот, оптимизам за брзо надминување на спорот со Бугарија


Премиерот Димитар Ковачевски вчера од Софија порача дека застојот во проширувањето на ЕУ создава дополнителна нестабилност на регионот, затоа што има неколку негативни тенденции и создава простор за злонамерно влијание од трети страни. Бугарскиот премиер Кирил Петков, пак, рече дека е оптимист за брзо надминување на спорот со Скопје, порачувајќи дека Северна Македонија „припаѓа во …

Застојот во проширувањето на ЕУ создава дополнителна нестабилност на регионот, оптимизам за брзо надминување на спорот со Бугарија Read More »

Лавров најави дека Русија ќе воведе визи за „непријателските земји“, меѓу нив и Македонија


  Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најави подготовка на мерки за ограничување на влезот на граѓаните од земјите кои вршат „непријателски акции“ против Русија, пренесува Интерфакс. Меѓу овие земји е и Македонија. „Сега се развива нацрт-декрет за одмазднички визни мерки во врска со непријателските дејствија на голем број странски држави. Овој чин ќе …

Лавров најави дека Русија ќе воведе визи за „непријателските земји“, меѓу нив и Македонија Read More »

Петков најави „добри вести“ за кревање на бугарската блокада


  Кревањето на бугарската блокада изгледа реално во наредниот период. Барем така вели бугарскиот премиер Кирил Петков. Тој денеска на прес-конференција изјави дека „наскоро се очекува добра вест за кревање на бугарското вето за Македонија и започнување на процесот за пристапување во Европската унија, кој беше посочен како особено важен во контекстот на она што …

Петков најави „добри вести“ за кревање на бугарската блокада Read More »

Трајковски: Судбината вмеша прсти


  Стрелецот на победоносниот гол против Италија, Александар Трајковски, изјави оти судбината посакала тој да ѝ донесе сензационална победа на македонската репрезентација на стадионот „Ренцо Барбера“ на кој настапуваше четири години како поранешен член на Палермо. „Со последните сили шутнав и целиот фокус го ставив во тој последен шут. Како да беше судено дека морам да дадам …

Трајковски: Судбината вмеша прсти Read More »

На плоштад во Скопје ќе се слави победата над Италија


Триумфот над Италија и пласманот во финалето од мундијалскиот бараж македонските фудбалски репрезентативци и членовите на стручниот штаб ќе ја прослават заедно со навивачите вечерва на скопскиот плоштад „Македонија“. Како што попладнево објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), националниот тим се очекува да ги поздрави присутните навивачи на плоштадот во Скопје околу 18.30 часот. Пристигнувањето …

На плоштад во Скопје ќе се слави победата над Италија Read More »

Александар Трајковски – човекот кој ја „урна“ Италија


Александар Трајковски, фудбалерот кој синоќа го постигна единствениот гол за Македонија на натпреварот против Италија за квалификации на Светското првенство во Катар, слободно може да се нареќе херој. За него денеска пишуваат сите медиуми во регионот, но и во Европа и во светот. Трајковски (29), во моментот игра на позицијата лево крило во саудиски Ал-Фајх. …

Александар Трајковски – човекот кој ја „урна“ Италија Read More »

Португалците внимателни пред финалето против македонските фудбалери: Добри се


 Респект и внимателност преовладуваат во изјавите на португалските фудбалери, кои по вчерашниот триумф над Турција (3-1) пред 48.000 гледачи на стадионот „Драгао“ во Порто, во вторник на истото место ја пречекуваат македонската репрезентација во рамки на финалниот бараж за пласман на Мундијалот во Катар. – Ваквите натпревари се финале, а финалето секогаш е комплицирано. Го …

Португалците внимателни пред финалето против македонските фудбалери: Добри се Read More »

„Кориере дело спорт“: Македонскиот анаграм е демонски


Италијанската јавност сѐ уште е во шок од вчерашниот пораз во баражот од Македонија во Палермо. Има одредени пофалби за играта на македонските фудбалери, но главно реакциите се дека Италијанците потфрлиле и дозволиле да бидат елиминирани. Главната забелешка е зошто, всушност, италијанскиот фудбал се најде во улога да бара место во Катар преку бараж кога …

„Кориере дело спорт“: Македонскиот анаграм е демонски Read More »

Милевски: Италија ја победивме во италијански стил


Македонскиот селектор Благоја Милевски не го криеше задоволството по синоќешната сензационална победа над Италија (1-0), истакнувајќи на прес-конференцијата по натпреварот во Палермо дека е горд на своите играчи. – Победивме во италијански стил против Италијанците, со гол од два обиди. Многу сум среќен поради оваа победа и горд на овие играчи, изјави Милевски, кој ја однесе македонската …

Милевски: Италија ја победивме во италијански стил Read More »

Македонски граѓани со коли со бугарски таблички се враќаат од граница


Македонските граѓани кои возат автомобили со странски таблички, ако сакаат да влезат во земјава со нив ќе треба да се откажат од живеалиштето во Македонија или да ги остават и да ја поминат границата пеш. Вакво е искуството на стотици македонски граѓани кои со автомобили со бугарски таблички се обиделе да влезат во земјава на …

Македонски граѓани со коли со бугарски таблички се враќаат од граница Read More »

Македонските ракометари обезбедија финале против Чешка во мундијалскиот бараж


 Македонската ракометна репрезентација загуби вечерва на реваншот против Романија во Букурешт со 24-22 (12-12), но ја зачува предноста од осум голови стекната на првиот натпревар на домашен терен и ќе игра против Чешка во финалето од мундијалскиот бараж за пласман на Светското првенство 2023. Македонските ракометари го контролираа резултатот во првото полувреме и постојано беа …

Македонските ракометари обезбедија финале против Чешка во мундијалскиот бараж Read More »

ЕК: Втор повик за финансирање проекти за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија


Европската комисија објави втор повик до граѓанските организации на територијата на Србија, да поднесат предлог проекти во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу Србија и Северна Македонија за 2016-2020 година, јави дописникот на МИА од Белград. Областите на поддршка вклучуваат конкурентност (МСП, истражување и развој, ИКТ, туризам, деловна инфраструктура, индустрија и трговија), туризам, животна …

ЕК: Втор повик за финансирање проекти за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија Read More »

Во јануари 39.335 туристи престојувале во земјава


Во јануари годинава земјава ја посетиле вкупно 39.335 туристи кои оствариле 87.107 ноќевања што претставува зголемување за 40 отсто на бројот на туристи и за 33,9 отсто на бројот на ноќевања во споредба со јануари 2021 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, 52,9  отсто од туристите во јануари годинава биле домашни, а 47,1  …

Во јануари 39.335 туристи престојувале во земјава Read More »

Бугарија ќе даде експертиза за животната средина во преговорите со ЕУ


  СОФИЈА – Бугарија е подготвена да го сподели со македонската страна искуството во транспонирањето и спроведувањето на европското законодавство во областа на животната средина, било потврдено на вториот состанок на меѓувладината работна група со Бугарија „Европска соработка – зелена транзиција и дигитална трансформација, владеење на правото“ што се одржа вчера во бугарското Министерство за животна …

Бугарија ќе даде експертиза за животната средина во преговорите со ЕУ Read More »

Костадиновска Стојчевска – Чеку : Македонија и Косово имаат отворени можности за соработка


Република Северна Македонија и Република Косово се две пријателски земји  со отворени можности за соработка во културата, кои во периодот што следува треба поинтензивно да се искористат, се согласија на денешната работна средба министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и косовскиот министер за култура, млади и спорт Хајрула Чеку. Соговорниците позитивно ја оценија досегашната културна соработка која во изминатите …

Костадиновска Стојчевска – Чеку : Македонија и Косово имаат отворени можности за соработка Read More »

Русија објави список на непријателски земји, меѓу нив и Македонија


  Руската влада го одобри списокот на странски земји и територии кои спроведуваат непријателски дејствија против Русија, според одлуката на кабинетот на министри. Премиерот Михаил Мишустин го потпишал стапувањето во сила на овој декрет. Меѓу нив се наоѓа и Македонија. Од регионот на овој список не се Србија и Босна и Херцеговина, како ни Косово, …

Русија објави список на непријателски земји, меѓу нив и Македонија Read More »