Владата ќе бара одговорност од Дац ако се утврди дека сторил тежок прекршок


Од Владата велат дека Министерството за внатрешни работи и сите органи детално ќе ја истражат и ќе ги објават наодите за сообраќајната несреќа во која, како што беше објавено, директорот на МНТ Драган Спасов – Дац удрил во девојка која поминувала улица. Порачуваат дека секој мора да понесе одговорност согласно законите и оти лице кое …

Владата ќе бара одговорност од Дац ако се утврди дека сторил тежок прекршок Read More »

Беса се премислува да влезе во Владата


Беса, која е моментно најголема опозициска партија во албанскиот блок во парламентот, не исклучува можност да стане дел од Владата на СДСМ и на ДУИ. Тоа го најави нејзиниот прв лидер Биљал Касами во разговор за „Призма“, посочувајќи на неговата неодамнешна средба со премиерот Зоран Заев. Набрзо по расколот во партијата, Касами се сретна со …

Беса се премислува да влезе во Владата Read More »

Владата предложи да се укинат музичките субвенции


Домашните музичари повеќе да не добиваат субвенции од државата за создавање на песни и спотови, предлага Владата. На вчерашната седница донесоа заклучок да се достави до Собранието Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција. „За донесувањето на овој предлог-закон владата преовлада фактот што имплементацијата на законот во практика не …

Владата предложи да се укинат музичките субвенции Read More »

Владата даде согласност за договорот за државната помош на „Чагатај кабло“


Владата на вчерашната седница донесе одлука за давање согласност на договорот за доделување на државна помош во облик на даночни олеснувања на турската компанија „Чагатај Кабло”, која во 2017 година започна со изградба на нивниот објект во ТИРЗ Скопје 1 (Бунарџик). По донесената одлука ќе се пристапи кон склучување на договорот во наредниот период. Оваа …

Владата даде согласност за договорот за државната помош на „Чагатај кабло“ Read More »

Наскоро одлука за отпочнување на изградбата на Клинички


Делегација на Банката на Советот на Европа на денешната седница на Владата на Република Македонија ги презентираше опциите за активирање на изградбата на Универзитетскиот клинички центар (УКЦ), со вклучени експертски мислења за предвидените опции и алтернативи во однос на локацијата на УКЦ. На седницата, како што соопшти владината прес-служба, била искажана јасната определба на Владата …

Наскоро одлука за отпочнување на изградбата на Клинички Read More »

Владата се задолжи се 23,9 милиони евра на домашен пазар


Владата се задолжи со 23,9 милиони евра на домашниот пазар преку аукција на државни хартии од вредност. Како што објави Министерството за финансии издадени се државни хартии од вредност во износ од 1.475,18 милиони денари или 23,98 милиони евра. Станува збор за 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 474,99 милиони денари со …

Владата се задолжи се 23,9 милиони евра на домашен пазар Read More »

Новиот Клинички центар ќе се гради со кредит од Банката за развој


Новиот Клинички центар ќе биде приоритет за Владата и за него е обезбеден кредит од Банката за развој на Советот на Европа (ECB), соопштија од Владата. Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вчера се сретнаа со делегација на ECB, предводена од Витомир Мајлс Рагуз, регионален менаџер на банката. „На средбата беа презентирани фазите …

Новиот Клинички центар ќе се гради со кредит од Банката за развој Read More »

Имињата на функционерите на Алијанса за Албанците и натаму на вратите на канцелариите


На вратите на канцелариите на замениците министри и на директорите од Алијанса за Албанците се уште стојат имињата на функционерите на партијата на Зијадин Села, иако тие не се појавуваат на работните места откако поднесоа оставки. За да ја напуштаат функцијата која им била доверена, тие чекаат одлука од Владата и од премиерот Зоран Заев. …

Имињата на функционерите на Алијанса за Албанците и натаму на вратите на канцелариите Read More »

Влада: Исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни


Посветени сме на решавање на спорот кој Република Грција го има со уставното име на Република Македонија. Активно се создаваат услови за придвижување на процесот напред, а исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни, имајќи ги предвид разликите, соопштија од Владата. „Остава добар впечаток обновената комуникација, која отвора простор за пријателски пристап и градење обострана доверба. По внимателна анализа …

Влада: Исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни Read More »

Влада: Законот за јазиците не го доведува во прашање унитарниот карактер на државата


Владата изразува жалење за одлуката на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, да не го потпише указот за Законот за употреба на јазиците. „Во оваа прилика сакаме уште еднаш да нагласиме дека сите одредби во законското решение за употребата на јазиците се во согласност со амандманот 5 од Уставот. Со Законот ја унапредуваме употребата на јазиците на …

Влада: Законот за јазиците не го доведува во прашање унитарниот карактер на државата Read More »

Македонската Влада изрази жалење за убиството на Оливер Ивановиќ


Владата на Република Македонија изрази длабоко жалење за бруталното убиство на еден од политичките лидери на Србите на Косово, Оливер Ивановиќ. – Со целосно разбирање за траумите од овој нецивилизиран чин, се надеваме на воздржаност, како и на брза реакција на надлежните во Република Косово, низ институционална постапка да се разјаснат околностите и да се …

Македонската Влада изрази жалење за убиството на Оливер Ивановиќ Read More »

Чешката Влада поднесе оставка


Владата на чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска поднесе оставка, откако вчера не ја доби довербата на Парламентот на Чешка. Како што се посочува во владиното соопштение во кое е објавена оставката, Кабинетот ќе продолжи да ги извршува своите обврски се до изборот на нова Влада. При вчерашното гласање во Пратеничкиот дом на Парламентот, „за“ доверба …

Чешката Влада поднесе оставка Read More »

Новото тело со различна функција од Советот за реформи во правосудството


Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата во правосудството со кој ќе претседава премиерот Зоран Заев е сосема ново тело со различна функција од веќе формираниот Совет за реформи во правосудството, појасни денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. По денешниот редовен брифинг со новинарите, Бошњаковски изјави дека не се работи за недоверба во досегашниот Совет за …

Новото тело со различна функција од Советот за реформи во правосудството Read More »

Нови 22 компании се подготвуваат за влез во Македонија


Вкупно 22 странски инвеститори планираат да инвестираат во Македонија. Ова во интервјуто за „Независен весник“ го најави премиерот Зоран Заев. По катастрофалната година кога имавме рекордно низок прилив на странски капитал, премиерот е оптимист дека ќе има позитивно поместување на состојбите. – Политиките на актуелната влада веќе привлекуваат и многу странски инвестиции, така што 22 …

Нови 22 компании се подготвуваат за влез во Македонија Read More »

Бошњаковски: Рашковски е сменет од Македонски Телеком од технички апсект


Смената на Драги Рашковски од функцијата член на Акционерското собрание на Македонски Телеком е направена од технички аспект, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. – Имајќи го во предвид обемот на активности Владата смета дека советникот за правда на премиерот соодветно ќе одговори на оваа позиција. Се работи само за замена од технички аспект, рече …

Бошњаковски: Рашковски е сменет од Македонски Телеком од технички апсект Read More »

Премиерот Заев од денеска е на зимски одмор во Италија


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев од денеска е на одмор. Како што информира владиниот портпарол Миле Бошњаковски, премиерот Заев е веќе во Италија каде ќе го користи зимскиот одмор до 17. овој месец.

Владата бара пилоти за Дирекцијата за заштита и спасување


Владата денеска разгледала и усвоила информација за потреба на прием во редовен работен однос на пилоти во Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија. Во таа насока, како што е соопштено, е донесен заклучок со кој се задолжуваат министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за финансии и Дирекцијата за заштита и спасување за навремено изнаоѓање …

Владата бара пилоти за Дирекцијата за заштита и спасување Read More »

Ќе се формира нов совет за следење на стратегијата во правосудството


На денешната владина седница, премиерот Зоран Заев најавил дека до крајот на јануари ќе се формира ново тело – совет за следење на имплементација на стратегијата во правосудството за период 2017 – 2022, со кое ќе претседава лично тој, а во насока на преминување во делот 9 од планот 3-6-9. Воедно, Заев, како што е …

Ќе се формира нов совет за следење на стратегијата во правосудството Read More »

Владата ги усвои измените на Законот за „свиркачи“


Владата, на денешната седница, ги усвои предлог-измените на Законот за заштита на укажувачите. Со ова законско решение, како што посочуваат од Владата, се обезбедува поголема заштита на укажувачите со што јасно се потврдуваат владините политики за борба против корупцијата. Законските измени се испратени до Собранието.

Рашковски разрешен од владин претставник во Телеком


Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски не е веќе владин претставник во Акционерското собрание на Телеком. Владата, на денешната седница, го смени Рашковски и за своја претставничка во Телеком ја назначи Тања Чачарова Илиевска, советник за правда во канцеларијата на премиерот. Пред неколку месеци, опозицијата реагираше за именувањето на генералниот секретар на Владата за владин …

Рашковски разрешен од владин претставник во Телеком Read More »