Џипот му пресуди на Велковски


На денешната седница, владата го разреши Лазе Велковски, досегашен директор на Бирото за јавна безбедност. Негов наследник не е именуван, но засега со БЈБ ќе раководи заменикот Бесир Деари. Велковски мораше да замине поради аферата со службениот џип на Министерството за внатрешни работи, кое ја однесе неговата ќерка и другарките на одмор во Грција. Премиерот …

Џипот му пресуди на Велковски Read More »

Парламентот ќе заседава ноќеска, иако нема договор за референдумот


Се очекува во текот на ноќта парламентот да го избере новиот состав на ДИК, со поддршка од опозицијата, како и измените на законите за финансирање на политичките партии. Според собраниски извори, веќе се подготвуваат измените во законите за финансирање на партии и за влада, а во 19 часот е закажана седница на Комисијата за избори …

Парламентот ќе заседава ноќеска, иако нема договор за референдумот Read More »

Во понеделник и лидерска и расправа за Законикот


На собраниската седница што продолжува во понеделник, пратениците треба да расправаат за измени во Изборниот законик по завршување на дводневната расправа во Комисијата за европски прашања. Истиот ден, рано наутро, треба да продолжат и разговорите меѓу лидерите на четирите најголеми партии за деблокада на изборот на ДИК. Владата поднесе предлог-закон за измени на Изборниот законик …

Во понеделник и лидерска и расправа за Законикот Read More »

Влада: Мајската плата е поголема за 7,1 отсто од лани истиот месец


Просечната нето плата во месец мај порасна за 7,1 отсто во однос на истиот месец претходната година. Таа сега изнесува 24.509 денари и е повисока за 1.600 денари на годишно ниво, велат од Владата откако вчера Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната плата и посочуваат дека тоа е резултат на мерките што се …

Влада: Мајската плата е поголема за 7,1 отсто од лани истиот месец Read More »

Владините спин-доктори ги вратија сенките од минатото


Фоторепортерите се изборија за својата локација пред Клубот на пратениците, но остана пораката која им ја испрати владиниот советник Марјан Забрчанец: „Единаесет години ве газеа, ќутевте, сега ли најдовте да зборите“. Фотографијата со оставените фотоапарати на земја на фотографот Ѓорѓи Личовски, која беше објавена на порталот „Сакам да кажам“, отвори интернет-војна меѓу фоторепортерите, новинарите и …

Владините спин-доктори ги вратија сенките од минатото Read More »

Владата може да го повлече Законикот ако ВМРО-ДПМНЕ ја деблокира ДИК


Има расположение кај владата да ги повлече од собраниска процедура измените во Изборниот законик што ги поднесе денеска, доколку ВМРО-ДПМНЕ се согласи да го деблокира изборот на ДИК според важечката регулатива што беше донесена пред околу два месеци, најавуваат владини извори. Од утрешната лидерска средба најмногу зависи дали ќе продолжи процедурата за донесување на законските …

Владата може да го повлече Законикот ако ВМРО-ДПМНЕ ја деблокира ДИК Read More »

Филипче ќе спроведе повеќегодишна набавка на инсулин


Владата на денеска одржаната седница ја усвои информацијата за повеќегодишна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот септември 2018 – септември 2020 година. Од владината прес-служба информираа дека за спроведување на набавката е задолжено Министерството за здравство. Владата ја прифати и информацијата за почнување …

Филипче ќе спроведе повеќегодишна набавка на инсулин Read More »

Стојанче Ангелов стана национален координатор во Владата


Стојанче Ангелов, поранешниот полициски генерал и лидер на партијата „Достоинство“, ќе биде национален координатор во Владата. Од Владата соопштија дека Ангелов на денешната владина седница е именуван за национален координатор за прашања поврзани со здружението на бранители. Пред неполни две недели, осамна информацијата дека тој е ангажиран за советник за воздухопловна техника во М-НАВ, со …

Стојанче Ангелов стана национален координатор во Владата Read More »

Почнува постапката за изградба на Дневен центар за деца со аутизам


Министерството за труд и социјална политика во рок од 30 дена треба да ја отпочне постапката за вадење на градежни дозволи за изградба на Дневен центар за деца со аутизам. Информацијата за изградба на овој дневен центар вчера помина на владина седница. Најдоцна за шест месеци, ресорното министерство треба да ја информира Владата за целосната …

Почнува постапката за изградба на Дневен центар за деца со аутизам Read More »

Владата рамнодушна кон Иванов, Договорот со Грција ќе си тера


Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов и непотпишувањето на Указот за законот за ратификација на договорот за името, од Владата ја оценуваат како очекувана, но не влијае на имплементацијата на договорот. – Што се однесува до одлуката на Иванов истата беше очекувана, но таа не влијае на чекорите односно имплементацијата на фазите од договорот. Владата на …

Владата рамнодушна кон Иванов, Договорот со Грција ќе си тера Read More »

Граѓанските организации ќе имаат увид во тендерите


Владата ги повикува сите граѓански организации во земјава да се вклучат во мониторнигот на јавните набавки со цел да бидат целосно заштитени од можности за злоупотреби. – Правиме уште еден сериозен чекор во отвореноста и транспарентноста кон граѓаните и сите оние кои имаат интерес да ги следат постапките и процедурите во насока на целосна контрола врз …

Граѓанските организации ќе имаат увид во тендерите Read More »

Владата ги осудува говорот на омраза и повиците за насилство од вчерашните настани


Владата на Република Македонија најостро го осудува насилството, говорот на омраза и повиците за насилство од вчерашните настани, кои имаат за цел да манипулираат и да ги вознемируваат граѓаните на земјата. Владата во денешното соопштение наведува дека категорично, согласно овластувањата и законите ќе ја штити безбедноста на граѓаните и институциите и нема да дозволи изолирани …

Владата ги осудува говорот на омраза и повиците за насилство од вчерашните настани Read More »

Бошњаковски: Историски ден и за Европа


Ова е историски момент не само за двете земји, ова е историски момент и за целиот регион, за Балканот, за Западен Балкан, но и за Европа, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски за грчката новинска агенција АНА-МПА. – Важно е што гледаме дека прогресивните политички сили во двете земји го решаваат проблемот што 25 години го …

Бошњаковски: Историски ден и за Европа Read More »

Владата во Атина го преживеа тестот на доверба


Атина – Со 127 гласа „за“ и 153 „против“, грчкиот парламент ја отфрли иницијативата на опозициската Нова демократија за недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас. Гласаа вкупно 280 од 300 пратеници, а единствено Димитрос Каменос од Независни Грци имаше спротивна позиција од неговата партија и не ја поддржа владата. Потегот на Каменос наиде на …

Владата во Атина го преживеа тестот на доверба Read More »

Кумуцакос: Владата бараше аргументи што се во прилог на другата страна


Земјата со потпис ќе ја обврзе еден премиер кој е изолиран и од народот и од неговиот владин кабинет, премиер што нема согласност од министерот за одбрана, рече одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос на денешната расправа во грчкиот Парламент за гласање недоверба на Владата. Како што јави дописничката на МИА од …

Кумуцакос: Владата бараше аргументи што се во прилог на другата страна Read More »

Владата го објави договорот со Грција


Владата на денешната седница го декласифицира договорот со Грција за решавање на спорот со името и го стави на увид на јавноста. Договорот, како што информира, вечерва на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски веќе е објавен на веб страницата на Владата. – Владата на РМ едногласно го разгледа и усвои извештајот за решавање на македонско-грчкиот спор …

Владата го објави договорот со Грција Read More »

Договорот за името ќе се потпише во недела или понеделник


Потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција нема да се одржи во сабота, туку во недела или уште поверојатно, во понеделник, дознава „Независен весник“. Првичниот план беше премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да стават параф на решението во сабота во 15 часот на грчкиот дел од Преспа, но ќе дојде до одлагање …

Договорот за името ќе се потпише во недела или понеделник Read More »

Владата ќе го разгледа и ќе го декласифицира договорот со Грција


Договорот за решевање на долгогодишниот спор за името што го постигнаат премиерите Зопран Заев и Алексис Ципрас денеска треба да се најде на седница на македонската Влада и да биде декласифициран. Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска синоќа во ТВ интервју изјави дека планот е Владата денеска да го дискутира и одобри договорот и веднаш …

Владата ќе го разгледа и ќе го декласифицира договорот со Грција Read More »

Одговор од „Илинденска“ до Водно: Иванов нема чувство на одговорност


Претседателот Ѓорге Иванов нема чувство на одговорност и презема дејства на недозволива манипулација, со што им штети на државата, на граѓаните и директно дејствува против јакнењето на македонскиот идентитет, реагираат од владата по денешното обраќање на шефот на државата. Владата, како што е соопштено, констатира со жалење дека претседателот Иванов во своето обраќање до јавноста …

Одговор од „Илинденска“ до Водно: Иванов нема чувство на одговорност Read More »

Не издржа барокот, од дождот прокисна и зградата на Владата


Од вчерашното невреме и силен дожд прокисна и барокната зграда на Владата, објави СакамДаКажам.мк. За нив, информацијата ја потврдил генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. „Владата прокисна на директно отворените места. И не е првпат, кисне на секој дожд. Таков е квалитетот на изработката. Водата лази по плафоните, под светилките и лустерите, а потоа и …

Не издржа барокот, од дождот прокисна и зградата на Владата Read More »