Дедо нападнат во влез во зграда во Аеродром


Повозрасен скопјанец бил нападнат во влез од зграда во скопски Аеродром.  – На 18.07.2024 во 21.31 часот во СВР Скопје, Б.Ј.(74) од Скопје пријавил дека во влез од зграда на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од едно лице, информираа денеска од полицијата.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Нормализирана состојбата во Аеродром по вчерашното невреме


Кризниот штаб на Општина Аеродром е во постојано заседавање, а утрово одржа и итен состанок по вчерашното невреме кое нанесе материјална штета, а голем дел од аеродромци останаа и без електрична енергија поради паднат далновод на ЕВН. Во моментов дефектот е саниран и напојувањето со електрична енергија е нормализирано на целата територија на Аеродром. На …

Нормализирана состојбата во Аеродром по вчерашното невреме Read More »

Во Аеродром наскоро ќе има канцеларија на Управата за водење матични книги


Отворање канцеларија „Една точка за услуги“ во Аеродром преку која граѓаните ќе можат да вадат и документи од Управата за водење матични книги, беше тема на денешната средба меѓу заменик-градоначалникот на Аеродром Дејан Митески и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, информираат од Општина Аеродром.  „Една точка за услуги“, додаваат, е од исклучително значење за …

Во Аеродром наскоро ќе има канцеларија на Управата за водење матични книги Read More »

Дел од улиците во Аеродром денес ќе бидат затворени поради градежни активности


  Поради изведување градежни активности, денеска изменет режим на сообраќај ќе има во дел од скопската Општина Аеродром. „На ден 29 јуни (сабота) на ул. ‘Борис Кидрич’ од крстосница со Ул. ‘Симеон Кавракиров’ до крстосница со Бул. ‘Кузман Јосифовски Питу ‘ – Општина Аеродром ќе се изведуваат градежни активности (гребење), па поради тоа ќе има …

Дел од улиците во Аеродром денес ќе бидат затворени поради градежни активности Read More »

Поранешни сопружници се степале во Аеродром, па двајцата пријавиле дека се нападнати


Во средата, во 17.19 часот во СВР Скопје, 44 –годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17.00 часот во заедничкиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен 47 – годишен сопруг. Исто така, во полициска станица и сопругот пријавил дека бил физички нападнат од 44 …

Поранешни сопружници се степале во Аеродром, па двајцата пријавиле дека се нападнати Read More »

Избоден скопјанец пред кафуле во Аеродром


Во вторникот, во СВР Скопје, А.Л.(48) од Скопје пријавил дека на 08.06.2024 пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Тој се здобил со убодни рани, по што бил пренесен во приватна болница во Скопје за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На аеродромот во Тирана уапсени 16 полицајци, дозволувале нелегално преминување на границата


На меѓурадониот аеродром во Тирана уапсени се шеснаесет припадници на  граничната полиција,  осомничени дека се вмешани во корупциска шема за илегално префрлање на лица во земјите од Европската унија, објавија албанските медиуми. Според соопштението на Обвинителството на Тирана, полициските службеници во соработка со сопственик на туристичка агенција обезбедиле можности за премин на најмалку 200  албански …

На аеродромот во Тирана уапсени 16 полицајци, дозволувале нелегално преминување на границата Read More »

Аеродром: Во Лисиче ќе се гради само една зграда – нема бетонизација


  Советот на Општина Аеродром, на вчерашната седница го усвои деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче кој предвидува изградба само на една зграда, два паркови и решава важни урбанистички и комунални прашања на граѓаните кои живеат во овој дел од општината. Финалната верзија на урбанистички план е изработена да го унапреди урбаното живеење …

Аеродром: Во Лисиче ќе се гради само една зграда – нема бетонизација Read More »

Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие


Aвион кој летал на релација Лион-Истанбул попладнево околу 14 часот принудно слетал на меѓународниот аеродром во Тирана. Според полицијата причина за тоа е обид на патник – авганистански државјанин да се самоубие за време на авионскиот лет. – Лицето М.Н.(40) државјанин на Авганистан се обидел да се самоубие со сечење на вените на рацете со …

Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие Read More »

Без струја дел од скопските општини Центар и Аеродром


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Центар и Аеродром, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Самоилова“ во Општина Центар. Во периодот од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе останат …

Без струја дел од скопските општини Центар и Аеродром Read More »

Гори аеродром во Русија


Пожар избувна на аеродромот во градот Минерални Води во југозападна Русија денеска за време на градежни работи, јави агенцијата РИА, повикувајќи се на информации од службите за итни случаи. Пожарот избувнал на покривот на терминалот за пристигнување. Агенцијата ТАСС јави дека противпожарните екипи се на пат кон местото на настанот. #BREAKING A fire broke out …

Гори аеродром во Русија Read More »

До 2030 година Албанија со четири аеродроми


Албанската министерка за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро изјави дека до 2030 година Албанија ќе има четири аеродроми, објави Албанската радио и телевизија. На веќе постоечките аеродроми во главниот град Тирана и северниот град Кукс, аеродромите во крајбрежниот град Валона, југозападна Албанија и во јужниот град Ѓирокастро, ќе бидат додадени до 2030 година. Во …

До 2030 година Албанија со четири аеродроми Read More »

Овој аеродром не изгубил ниту еден багаж во последните 30 години


Јапонскиот меѓународен аеродром „Кансаи“ (КИКС) прославува 30 години работа без да изгуби ниту еден багаж, соопштија од аеродромот. „Кансаи“ е рангиран како 18-ти најдобар аеродром во светот за оваа година, зад меѓународниот аеродром во Токио, Нарита која е на петтото место и Ханеда која е на четвртото место. При изборот на најдобриот аеродром, се земаат …

Овој аеродром не изгубил ниту еден багаж во последните 30 години Read More »

Уапсен Србин кој здивел на скопскиот аеродром


Србин „дивеел“ на скопскиот аеродром.  – На 29.04.2024 во 05.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(43) од Република Србија, затоа што во терминалната зграда го оштетил стаклото на заштитната врата. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка, информираа од полицијата во …

Уапсен Србин кој здивел на скопскиот аеродром Read More »

Десетгодишници во Аеродром палат оган во парковите


Жители на Аеродром се запрепастени од непромисленоста на децата и од немањето реакција од родителите и околните жители. Имено, вчера, на празничен неработен ден, група деца на возраст од десетина години, се собрале во паркчето меѓу зградите и на палета ставиле суви дрва, па ги запалиле. Од фотографиите споделени на Фејсбук се гледа дека палетата …

Десетгодишници во Аеродром палат оган во парковите Read More »

Уапсен Арачиновец кој живее во Ирска, со дрон правел скици од касарната во Аеродром


Лице од Арачиново кое живеело во Ирска летало дрон во близина на касарната „Гоце Делчев“, информираат од МВР. – На 08.04.2024 во 00.30 часот на ул.„Матеја Матевски“ на подрачје на општина Аеродром, на задниот дел од касарната „Гоце Делчев“, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобда Р.Р.(53) од с.Арачиново, со живеалиште во …

Уапсен Арачиновец кој живее во Ирска, со дрон правел скици од касарната во Аеродром Read More »

Синот ја натепал мајката (70) во Аеродром


Седумдесетгодишна жена од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од нејзиниот син Д.Ј.(47) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести МВР во дневниот билтен.

Потпишан договорот за проектот паметен Аеродром, вреден 9 милиони евра


Денеска е потпишан договорот со кој што го почнува јавно-приватното партнерство помеѓу општина Аеродром и корперацијата „Crescent NV“ со цел имплементација на проектот за смарт односно паметен Аеродром. – Овој проект е само почеток на дигиталните решенија кои што ќе се нудат во нашата општина во следните години. Посебно ме радува што иницијалната инвестиција која …

Потпишан договорот за проектот паметен Аеродром, вреден 9 милиони евра Read More »

Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград отворен за сообраќај, дојавите за бомби биле лажни


Белградскиот аеродром „Никола Тесла“, синоќа, од 22,30 часот, повторно е отворен за авиосообраќај, соопштија службите на аеродромот. Радио телевизија на Србија (РТС) објави дека извештаите за бомби биле лажни. Околу 19 часот и 15 минути на белградскиот аеродром пристигнала дојава за поставена бомба, по што била извршена контрадиверзантска проверка, а патниците биле евакуирани.

Малолетник нападнат од три лица во Аеродром


Во петокот, во 23 часот во СВР  Скопје, М.З.(38) од с.Долно Лисиче, скопско пријавил дека околу 19.00 часот во близина на средно училиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје неговиот малолетен син физички бил нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.