Чешка веќе не зависи од руско гориво за двете нуклеарни централи


Чешка веќе не зависи од Русија за горивото за своите две нуклеарни централи, а од следната година, кога ќе се потрошат залихите, централите Дуковани и Темелин ќе се снабдуваат со гориво од американската компанија Вестингхаус. -За Чешка е стратешко прашање да се ослободи од зависноста од испораките од Русија. Преземаме чекори да не зависиме од …

Чешка веќе не зависи од руско гориво за двете нуклеарни централи Read More »

Чешка фирма која произведува тенкови на надувување: Работата ни цвета поради војната


  Чешка фирма која произведува воени тенкови на надувувањ, кои служат за мамење на непријателските сили, вечи дека работата цвета по почетокот на војната во Европа. Компанијата „Инфлатех“, која произведува повеќе од 30 различни лажни воени објекти, од тенкови до оклопни возила и авиони, вели дека ланската година забележае раст на работењето од 30 отсто …

Чешка фирма која произведува тенкови на надувување: Работата ни цвета поради војната Read More »

Чешко-словачката црква ја призна автокефалноста под името „Православна црква на Северна Македонија“


Светиот синод на Православната црква на Чешка и Словачка минатата недела донесе одлука за „признавање на автокефалноста на Православната црква на Северна Македонија“, објави порталот „Ортодокстајмс“, кој е специјализиран за прашања поврзани со православните цркви. – Светиот синод на Црквата на Чешката Република и Словачка беше информиран за писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј во врска …

Чешко-словачката црква ја призна автокефалноста под името „Православна црква на Северна Македонија“ Read More »

Чесите бираат нов претседател, фаворит е поранешниот генерал Павел


 Поранешниот командант на чешката армија Петр Павел, прозападен кандидат кој ја поддржува помошта за Украина, има голема предност пред поранешниот премиер Андреј Бабиш додека Чесите влегуваат во вториот круг од гласањето за нов претседател. Пензионираниот генерал Павел (61) се кандидираше како независен кандидат и има поддршка од централно-десничарската чешка влада. Чешките претседатели немаат многу секојдневни …

Чесите бираат нов претседател, фаворит е поранешниот генерал Павел Read More »

Снежно невреме во Чешка, Полска и Словачка


Обилниот снег предизвика прекин на електричната енергија и бројни сообраќајни несреќи во саботата во Чешка, Полска и Словачка. Во чешкиот град Хертвиковице, мотоциклист загинал кога врз него паднало дрво. Во полското село Ваврска, југоисточно од Краков,  70-годишна жена останала без потребна залиха од чист кислород и поради тоа починала. Противпожарното возило кое требало да ѝ …

Снежно невреме во Чешка, Полска и Словачка Read More »

Чесите и денеска гласаат за претседател, гласачките места се затвораат во 14 часот


  Чесите и денеска гласаат меѓу осумте кандидати на изборите за иден претседател, кои почнаа вчера. Според предизборните анкети, пензионираниот генерал Петр Павел се смета за благ фаворит, пред поранешниот премиер Андреј Бабиш и професорката по економија Дануша Нерудова. Тие тројца кандидати имаат шанса да одат во вториот круг, бидејќи ниту еден од нив, според …

Чесите и денеска гласаат за претседател, гласачките места се затвораат во 14 часот Read More »

Чешка од 2024 година ќе издвојува најмалку два отсто од БДП за одбраната


 Чешката влада денеска одобри нацрт-закон со кој се утврдуваат трошоците за одбрана од најмалку два отсто од бруто домашниот производ (БДП) од 2024 година, изјави денеска чешкиот премиер Петр Фијала.   Тоа, исто така, му овозможува на Министерството за одбрана да го префрла финансирањето за големи проекти за набавка од година во година, што го …

Чешка од 2024 година ќе издвојува најмалку два отсто од БДП за одбраната Read More »

Војната во Украина го удвои производството и извозот на оружје во Чешка


Војната во Украина и несигурноста во светот го удвоија производството и извозот на оружје во Чешка, а половина од испораките одат во Украина, изјави шефот на Здружението за одбрана и безбедносна индустрија Јиржи Хинек. Минатата година Чешка произведе и извезе оружје во вредност од 625 милиони евра, а сега очекува повеќе од 1,2 милијарди, рече …

Војната во Украина го удвои производството и извозот на оружје во Чешка Read More »

Чешка усвои закон со кој се забранува влез во земјата на странците кои прекршиле човекови права


Претставничкиот дом на чешкиот Парламент денеска усвои закон со кој се дозволува државата да им забрани влез на странци во земјата или да им ги замрзне имотите доколку извршиле сериозно кривично дело или ги прекршиле човековите права. Текстот на нацрт-законот, кој допрва треба да биде усвоен од Сенатот и потпишан од претседателот, е насочен кон …

Чешка усвои закон со кој се забранува влез во земјата на странците кои прекршиле човекови права Read More »

Илјадници Чеси излегоа на улиците, протестирајќи против НАТО и ЕУ


Неколку десетици илјади Чеси се собраа денеска во Прага на протест против владиното управување со енергетската криза и членството на земјата во НАТО и Европската унија. Протестите на главниот плоштад во Прага на националниот празник беа организирани од екстремната десница и други екстремни политички групи како што се комунистите, а полицијата процени дека има десетици …

Илјадници Чеси излегоа на улиците, протестирајќи против НАТО и ЕУ Read More »

Чешка привремено ја враќа контролата на границата со Словачка


  Владата на Чешка привремено ќе ја врати контролата на границата со Словачка поради зголемената илегална миграција, изјави синоќа министерот за внатрешни работи, Вит Ракусан. Според него годинава 1.200 отсто повеќе луѓе илегално ја минале границата, главно од Сирија. – Од почетокот на 2022 година, полицијата приведе 11.000 илегални мигранти. Има транзитна миграција, огромното мнозинство …

Чешка привремено ја враќа контролата на границата со Словачка Read More »

Чешка очекува 80 отсто од воената помош за Украина да и биде надоместена од НАТО и ЕУ


Чешка очекува 80 отсто од воената помош доставена за Украина да и биде вратена од фондовите на НАТО и на ЕУ, до крајот на оваа или во текот на наредната година, изјави чешката министерка за одбрана Јана Чернохова. „Од првиот момент кога почнавме да испраќаме воен материјал во Украина, доставивме и барања за компензација. Фондот …

Чешка очекува 80 отсто од воената помош за Украина да и биде надоместена од НАТО и ЕУ Read More »

Чешката Влада донесе одлука за ограничување на цените на електричната енергија и гасот


Чешката Влада донесе одлука за ограничување на цените на електричната енергија и гасот, со цел да ги заштити домаќинствата од растечките цени на пазарот, информираше премиерот Петр Фијала. Како и други европски земји, Чешка одлучи да ги заштити граѓаните и компаниите од растот на цените на пазарот во период на намален проток на руски гас …

Чешката Влада донесе одлука за ограничување на цените на електричната енергија и гасот Read More »

Чешкиот парламент го одобри членството на Финска и Шведска во НАТО


Двата дома на чешкиот Парламент го одобрија членството на Финска и Шведска во НАТО. Претставничкиот дом речиси едногласно го прифати приемот на двете северни држави, на ноќната седница која заврши утрово. Сенатот гласаше „за“ претходно овој месец. Последниот чекор од ратификацијата во Чешка е потписот на претседателот Милош Земан. Со децении Финска и Шведска одбиваа …

Чешкиот парламент го одобри членството на Финска и Шведска во НАТО Read More »

Чешка планира да организира вонреден самит на ЕУ поради цените на струјата и на гасот


  Чешка која претседава со Европска унија, планира да организира вонреден самит на ЕУ, изјави денеска чешкиот министер за индустрија и трговија Јозеф Сикела. – Пазарот е надвор од контрола, флуктуациите на пазарните цени престануваат да реагираат на добри вести и се акумулираат само лоши вести, а тоа ги турка цените нагоре. Ова е проблем …

Чешка планира да организира вонреден самит на ЕУ поради цените на струјата и на гасот Read More »

Чесите ќе добијат станбен додаток ако сметките надминат 30 отсто од приходите


Поради поскапените енергенси, чешкиот премиер Петр Фијала вети компензација за граѓаните преку станбен додаток, за сите оние чии сметки надминуваат 30 отсто од нивните приходи, а во Прага штом се над 35 проценти од приходите. – Владата нема да дозволи кој било да пропадне. За домување граѓаните ќе плаќаат максимално 30 отсто од своите приходи, …

Чесите ќе добијат станбен додаток ако сметките надминат 30 отсто од приходите Read More »

Чешка ќе предложи забраната за издавање визи за Русите на ниво на ЕУ


Чешка, која претседава со ЕУ, денеска соопшти дека забраната за издавање визи за сите граѓани на Русија на ниво на Европската унија би можела да биде следна во низата санкции што Унијата ги воведе кон Москва поради до руската инвазија на Украина. Прага тоа ќе го предложи на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи …

Чешка ќе предложи забраната за издавање визи за Русите на ниво на ЕУ Read More »

Германија и Чешка потпишаа декларација за надминување на зависноста од руските енергетски извори


Германија и Чешката Република во понеделникот потпишаа декларација со која ветуваат дека ќе ја надминат зависноста од руските енергетски извори и ќе ја забрзаат транзицијата кон зелена енергија, во време кога намалените испораки на руски гас ја загрозуваат безбедноста на снабдувањето низ Европа. Во понеделникот започна ремонтот на најголемиот гасовод од Русија до Европа, поради …

Германија и Чешка потпишаа декларација за надминување на зависноста од руските енергетски извори Read More »

Обилните дождови предизвикаа поплави и несреќи во Чешка


 Обилните дождови и невремето во Чешка денеска предизвикаа поплави и серија несреќи, вклучително и железничка несреќа. Брз воз со околу 150 патници удрил во карпа, која паднала врз шините кај замокот Карлштајн кај Прага. Локомотивата и првиот вагон излетале од шините, а пет лица се полесно повредени, соопштија спасувачките служби. Како што наведуваат, бидејќи имало …

Обилните дождови предизвикаа поплави и несреќи во Чешка Read More »

Промоција на интервентни возила набавени со донација од Чешката Република


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со заменик – шефот на Мисијата на Амбасадата на Чешка Република, Лубомир Пшенка денеска присуствуваа во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ на промоција на возила набавени со донацијата од страна на чешкото Министерство за внатрешни работи и од Владата на Република Чешка. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека …

Промоција на интервентни возила набавени со донација од Чешката Република Read More »