Чешка од 2024 година ќе издвојува најмалку два отсто од БДП за одбраната


 Чешката влада денеска одобри нацрт-закон со кој се утврдуваат трошоците за одбрана од најмалку два отсто од бруто домашниот производ (БДП) од 2024 година, изјави денеска чешкиот премиер Петр Фијала.

 
Тоа, исто така, му овозможува на Министерството за одбрана да го префрла финансирањето за големи проекти за набавка од година во година, што го олеснува управувањето со сложените тендери за оружје.
 
Се предвидува трошоците за одбрана да бидат 1,52 отсто од БДП во 2023 година. „Сакаме оваа обврска (два отсто) … да биде во законот“, рече Фијала.
 
Тој истакна дека зајакнувањето на безбедносните и одбранбените капацитети е долгорочен приоритет на владата, особено важен сега кога Русија започна војна во Украина.
 
Според владините документи, промената би можела да стапи на сила во средината на 2023 година и да го зголеми буџетот за 2024 година за 21,5 милијарди круни за да се исполни целта од два отсто од БДП трошоците за одбрана.