Македонија обезбеди пласман на Светското првенство во ракомет
Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на Светското првенство, што во јануари 2019 година ќе се одржува во Германија и Данска. Во реванш натпревар од баражот Македонија на гостувањето во Клуж загуби од Романија со 26:25, но благодарение на убедливата победа на првиот дуел во Скопје на кој славеше со 32:24, обезбеди шесто учество на мундијалите. […]