Лазаров: Не очекува неатрактивен, но многу сериозен меч


Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров денеска по првиот собир во „Александар палас“ изјави дека баражот против Романија е „круцијален“ за „жолто-црвените“, откако претстојниот Мундијал во 2019-та ќе биде квалификациски за Олимписки игри во 2020 година.

Тој изјави дека иако Романија нема настапи на големи натпреварувања последниве години, сепак имаат квалитетна репрезентација.

– Овој бараж за нас е круцијален. Имаме доволно време да се подготвиме, првиот натпревар е во недела, најважно е да бидеме здрави, бидејки кај сите во овој период се чуствува замор. Ние сепак си ја знаеме нашата работа, посакуваме да се пласираме на СП. Треба да се поставиме максимално сериозно и да ја одрабтиме задачата“, вели Лазаров.

Капитенот додаде дека проитвникот во никој случај не смее да биде потценет.

– Тоа е земја со голема традиција. Вложуваат во нивната лига, во нивната репрезентација. Го донесоа Чави Пасквал и со тоа покажаа дека се сериозни. Пасквал ќе биде мотивиран против нас. Добро го познавам, јас сум негов поранешен играч, и мислам дека ќе направат максимален напор да не победат. Не очекува неатрактивен, но многу сериозен меч, додаде ракометарот на Нант.