Гонзалес: Не е важно што сме фаворити, мора да одиграме добро против Романија


Селекторот на сениорската ракометна репрезентација Раул Гонзалес во пресрет на бараж двомечот за пласман на СП 2019 против Романија, денеска изјави дека противникот е квалитетен и располага со одличен селектор. Тој очекува тежок двомеч, со оглед и на тоа дека реваншот се игра во Романија.
– Не е важно тоа што Македонија важи за фаворит на првиот меч, треба да одиграме максимално добро. Знам дека сезоната беше долга, јас посакував моите играчи да бидат здрави. Ќе се подготвиме добро оваа недела. Сакаме да играме на Мундијалот во следниот јануари, изјави Раул по првата прозивка во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Тој додаде дека утре на тренинзите ќе се приклучат и Филип Талески и Филип Миркуловски.
Првиот меч против Романија го играме во недела со почеток од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека реваншот е во Клуж, на 13 јуни со почеток во 17:30 часот.