Поради сомнеж за шпионажа pоманската Влада се откажа од услугите на Службата за обезбедување


Романската премиерка Виорика Данчила и членовите на нејзиниот кабинет се откажаа од услугите на државната Служба за обезбедување и заштита и ќе бидат обезбедувани од полицијата, соопшти заменик генералниот секретар на владејачката Социјадемократска партија (СДП) Кодрин Штефанеску.

Тој посочи дека решението било донесено како резултат на конфликтот меѓу началникот на службата Лучиан Пахонцу и лидерот на СДП Ливиу Драгнеа, кој го обвини раководителот на Службата за обезбедување дека е вмешан во внатрешнопартиските работи.

Штефанеску истакна дека одлуката била взаемна откако станало очевидно дека офицерите од службата шпионирале редица високи функционери.

– Службата за обезбедување и заштита се претворила во еден вид разузнавачка служба за животите на функционерите, изјави Штефанеску.

– Во сите устави е напишано дека припадниците од тие служби треба да ја гарантираат безбедноста на официјалните лица, а не да информираат што зборуваат тие во автомобилот со колегите, со семејството, со сопругата или какви средби имаат, вели Штефанеску.

Службата за обезбедување и заштита е одговорна за безбедноста на функционерите во Романија. Директорот на службата има ранг на државен секретар и се назначува од претседателот на Романија по предлог на Врховниот совет за национална одбрана. Десноцентристичкиот претседател Клаус Јоханис претседава со тој совет.

Полицијата од своја страна е под ингеренции на Министерството за внатрешни работи, кое го раководи Кармен Ден, еден од влијателните претставници на СДП.