Арна Шијак повредена на протестите: Имам дупки во нозете од шок-бомбата


Актерката Арна Шијак е хоспитализирана на пластична хирургија откако завчера се здоби со повреди од фрлена шок-бомба за време на протестите пред Собранието. Шијак за „Независен весник“ рече дека шок-бомбата била фрлена од страна на полицијата, а експлодирала пред неа и ѝ нанела повреди на двете нозе. „Јас сум само граѓанин кој излезе таму да …

Арна Шијак повредена на протестите: Имам дупки во нозете од шок-бомбата Read More »

(Видео) Продолжија протестите пред Собранието


Граѓани и вечерва се собираа пред зградата на Собранието на Република Македонија за да изразат несогласување со потпишаниот договор за менување на името на државата. Протестот почна во 20:00 часот со блокада на булеварот „11 Октомври“, а во исто време припадниците на полицијата се распоредија пред зградата на Парламентот. Учесниците на протестот го извикуваат името …

(Видео) Продолжија протестите пред Собранието Read More »

Европската комисија повикува на мирни протести за името


Портпаролката на Европската комисија, Маја Кочијанчич  во врска со вчерашните инциденти за време на протестите во Скопје, повика различните ставови граѓаните да ги искажат на мирен начин. – Европската Унија е запознаена со различните ставови изразени во однос на договорот за спорот за името, и повикува различните ставови да бидат изразени на мирен начин, рече …

Европската комисија повикува на мирни протести за името Read More »

ЗНМ со осуда за физичките напади на новинари и сниматели на вчерашниот протест


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро ги осудува физичките напади на новинари и сниматели на протестот против договорот за името пред Собранието на РМ. Во соопштението на ЗНМ се потенцира дека загрижува фактот што незадоволните граѓани се уште нивниот револт го истураат врз новинарите и го повикуваат МВР итно да ги идентификува напаѓачите и …

ЗНМ со осуда за физичките напади на новинари и сниматели на вчерашниот протест Read More »

Владата ги осудува говорот на омраза и повиците за насилство од вчерашните настани


Владата на Република Македонија најостро го осудува насилството, говорот на омраза и повиците за насилство од вчерашните настани, кои имаат за цел да манипулираат и да ги вознемируваат граѓаните на земјата. Владата во денешното соопштение наведува дека категорично, согласно овластувањата и законите ќе ја штити безбедноста на граѓаните и институциите и нема да дозволи изолирани …

Владата ги осудува говорот на омраза и повиците за насилство од вчерашните настани Read More »

(Видео) МВР објави видеоснимка од вчерашните протести пред Собранието


Министерството за внатрешни работи објави видео од вчерашните протести за одбрана на името пред Собранието. Претходно, во соопштение до медиумите, од Министерството ги соопштија сите детали околу вчерашните протести кои беа во организација на навивачката група „Комити“. Околу 21:30 часот околу 50 демонстранти кои биле дел од вчерашниот протест пред Собрание, во група се упатиле …

(Видео) МВР објави видеоснимка од вчерашните протести пред Собранието Read More »

АВМУ со осуда за нападите врз новинарите


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осуди вчерашните напади врз медиумските работници, приведувањето новинари, но и непрофесионалното однесување на некои новинари. – Медиумските работници мора да бидат ослободени од секаков вид на притисоци и да им се овозможи непречено да ја вршат својата работа, особено кога станува збор за прашања од посебен јавен …

АВМУ со осуда за нападите врз новинарите Read More »

Коѕијас за протестите: Од милион стигнавме на 4.000 илјади, Грците ги кршат стереотипите


Од еден милион демонстранти, дојдовме на 100 илјади и сега на четири илјади. Ова покажува дека грчкиот народ ги крши стереотипите, рече Никос Коѕијас, коментирајќи ги вчерашните протести во близина на Преспа. Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија, веднаш по потпишувањето на договорот со Македонија, се сретна со префектот …

Коѕијас за протестите: Од милион стигнавме на 4.000 илјади, Грците ги кршат стереотипите Read More »

МВР: Во насилните протести приведени 25 лица


Седум полицајци се повредени во насилните протести што вечерва се случија пред Собранието на Македонија, соопшти МВР. Полицијата приведе 25 демонстранти. „Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда, истовремено обидувајќи …

МВР: Во насилните протести приведени 25 лица Read More »

Шекеринска со осуда за насилните протести пред Собранието


Вицепремиерката Радмила Шекеринска вечерва „жестоко” ги осуди насилните протести што се сллучија вечерва пред Собранието на Македонија. – Жестоко го осудувам насилството, особено врз новинари. Не можеш да ја сакаш Македонија и да ја браниш со тоа што ќе тепаш граѓани на државата. Не можеш да ја сакаш Македонија и да им се закануваш на Македонците”, …

Шекеринска со осуда за насилните протести пред Собранието Read More »

Седуммина полицајци повредени во насилните протести пред Собранието


Седуммина полицајци се повредени и тројца цивили се приведени во насилните протести пред Собранието на Македонија. Екипа на Итната медицинска помош интервенираше вечерва поради повредени лица во насилните протести што се одржаа пред Собранието. Возилото е се уште на местото на протестите, но засега нема информации за број на повредени граѓани. Медицинскиот тим интервенирал по …

Седуммина полицајци повредени во насилните протести пред Собранието Read More »

(Видео) Полицијата со солзавец растера насилни демонстранти пред Собранието


Македонската полиција со солзавец растера насилни демонстранти пред Собранието кои протестираа незадоволни од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан денеска во Псарадес. Пред Собранието имаше околу 2.000 демонстранти. Околу 21 часот демонстрациите станаа насилни. Демонстрантите фрлаа кон полицијата шок-бомби, пиротехнички средства и камења. Полицијата возврати откако дел од нив …

(Видео) Полицијата со солзавец растера насилни демонстранти пред Собранието Read More »

Вечерва протести во Скопје, утре во Битола


Пред Собранието на Македонија и вечерва се одржа протест против договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Учесниците на протестот бараат повлекување на договорот со Грција, оставка од Владата и да не се одржи референдум за името. Протестите се во пресрет на утрешното потпишување на договорот во Преспа од страна на …

Вечерва протести во Скопје, утре во Битола Read More »

ВМРО-ДПМНЕ упорно се разминува со ЕПП за договорот со Грција


ВМРО – ДПМНЕ и денеска ја „бомбадира“ јавноста со соопштенија и изјави со кои го осудува договорот за името со Грција и повикува на масовност на протестите во Битола, иако во текот на денот нејзината сестринска политичка групација Европската народна партија се јави со поддршка за решението што го постигнаа македонскиот и грчкиот премиер. Од …

ВМРО-ДПМНЕ упорно се разминува со ЕПП за договорот со Грција Read More »

Протести во Атина и во Преспа за договорот со Македонија


Од петок во 10 часот ја започнуваме нашата битка за Македонија, велат организаторите на протестите во Атина и Преспа, преку социјалните мрежи и ги повикуваат граѓаните на централен собир пред грчкиот Парламент вечерва во 20 часот. „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ под слоганот „Македонија значи Грција“ организира протести во следните три дена …

Протести во Атина и во Преспа за договорот со Македонија Read More »

Најавени протести во Атина и Преспа против договорот


„Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организаторите на протестите низ цела Грција за „одбрана на името Македонија“, преку социјалните мрежи и преку грчките медиуми најавува дека на денот кога Македонија и Грција ќе го потпишат договорот во Преспа, тие ќе одржат протест, а веројатно тоа ќе биде в сабота. – Ако Ципрас се …

Најавени протести во Атина и Преспа против договорот Read More »

Селмани: Полицијата да научи дека новинарите на протести не и се непријатели


Полицијата треба да научи дека новинарите, кои известуваат од протести не и се непријатели, туку исто така професионалци на службена должност, кои треба да се заштитат ако бидат нападнати од учесниците во протестот. Таа заштита ја заслужуваат согласно домашното и меѓународното право. Ова го порача денеска претседателот на ЗНМ, Насер Селмани на отворањето на работилницата посветена …

Селмани: Полицијата да научи дека новинарите на протести не и се непријатели Read More »

Протести во Србија поради цени на горивата


Во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Шабац, Панчево, Нови Пазар, на Ибарската магистрала и во други делови на Србија, денеска од 17 часот се одржа едночасовен протест против високите цени на горивото со блокирање на улиците и на патиштата. Граѓаните се организираа преку Фејсбук, по градовите во Србија, каде што во две Фејсбук групи повикуваа …

Протести во Србија поради цени на горивата Read More »

Пападопулу: Протестите ја изразија желбата на Грците


Протестите ги покажаа желбата и патриотизмот на Грците, вели портпаролката на Независни Грци, партијата коалиционен партнер во грчката влада. Мадалена Пападопулу, коментирајќи ги вчерашните собири низ цела Грција, но и најавите за нов протест во Атина, рече дека доколку навистина се одржи, таа лично ќе присуствува, како што учествувала и на минатиот во грчката престолнина. …

Пападопулу: Протестите ја изразија желбата на Грците Read More »

Слаб одзив на протестите во 24 градови низ Грција за името


Мирно и според очекувањата завршија протестите во Грција „за одбрана на името Македонија и грчкиот карактер на Македонија“. На плоштадот во градот Пела, до споменикот на Александар Велики, се одржа централниот собир, на кој се собраа едвај три илјади граѓани, со грчки знамиња и пораки дека Македонија е грчка. На присутните им се обратија претставници …

Слаб одзив на протестите во 24 градови низ Грција за името Read More »