Баша: Преговори не се отворија, ЕУ ја отфрли Владата поврзана со криминалот


Лидерот на албанската опозициска Демократска партија Љуљзим Баша, коменирајќи ја одлуката на Советот на Европската унија рече дека преговорите не се отворени, туку дека Албанија ќе може да почне преговори во јуни 2019 година доколку ги исполни условите. – Ова е вистината, рече Баша, и истакна дека Владата на Еди Рама и овојпат продолжува да …

Баша: Преговори не се отворија, ЕУ ја отфрли Владата поврзана со криминалот Read More »

Заев: Уште еден голем ден и големо признание за нашата земја


Уште еден голем ден за Република Македонија. Уште едно големо признание за нашата земја, напиша попладнево премиерот Зоран Заев на својата Фејсбук страница по одлуката на Советот на министри на ЕУ преговорите за членство на Република Македонија да започнат во јуни наредната година. – Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската унија, на …

Заев: Уште еден голем ден и големо признание за нашата земја Read More »

Хан: Ги започнуваме подготовките за преговори со ЕУ уште утре


Еврокомесарот Јоханес Хан по Советот на министри на ЕУ на кој е одреден условен датум за почеток на преговори со Македонија порача дека оваа одлука значи дека Европската Комисија од утре може да го започне процесот на скрининг. – Им честитам на граѓаните на идната Северна Македонија за денешните успеси, бидејќи сега е јасно дека …

Хан: Ги започнуваме подготовките за преговори со ЕУ уште утре Read More »

Хан задоволен што Македонија и Албанија ќе почнат преговори


Европскиот комесар за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, попладнево на Твитер изрази задовоство што Албанија и Македонија сепак ќе започнат пристапни преговори за членство во Унијата во јуни 2019 година. – Драго ми е што Европскиот совет го осветли патот кон прошитувањето, особено за Албанија и идната Северна Македонија, после долга дебата. Патот кон …

Хан задоволен што Македонија и Албанија ќе почнат преговори Read More »

Министрите започнуваат нова последна рунда разговори за Македонија


Шефовите на европските дипломатии денеска на министерскиот состанок во Луксембург си даваат „последна шанса“ да дојдат до компромис за старт на преговори со Македонија, информираат извори присутни на состанокот . Франција и Холандија, како што јави известувачот на МИА од Луксембург,  остануваат тврди и не попуштаат за датум за преговори. Германскиот министер за Европа, Михаил Рот гневен го напушти состанокот …

Министрите започнуваат нова последна рунда разговори за Македонија Read More »

Заев до премиерите од ЕУ: Одлуката за преговори пресудна за Договорот со Грција и иднината на Македонија


Премиерот Зоран Заев упати писма до премиерите на земјите членки на Европската унија во кое ги повикува своите колеги да поддржат одлука за старт за пристапни преговори на Република Македонија со ЕУ со временска рамка на процесот, како одлука заснована на заслуги, и како одлука која е одамна заслужена. Како што соопшти владината прес-служба, Заев во писмото …

Заев до премиерите од ЕУ: Одлуката за преговори пресудна за Договорот со Грција и иднината на Македонија Read More »

Димитров: За нас е важно политичката одлука за почеток на преговори да се донесе неделава


Се надевам дека ќе се најде компромис меѓу членките на ЕУ којшто за нас ќе значи јасна политичка одлука за почеток на преговори за членство, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во гостувањето на телевизија „Сител“. – Нас ни треба лидерите да не се навратат повторно, значи да седнат сега во четврток и петок …

Димитров: За нас е важно политичката одлука за почеток на преговори да се донесе неделава Read More »

Демократски сојуз инсистира: Македонија на т.н. „брза лента“ за интеграција во ЕУ


Партијата Демократскиот сојуз (ДС) смета дека Советот на Европската унија (ЕУ) на Самитот во Брисел на 28 и 29 јуни има обврска и одговорност да донесе одлука за започнување на пристапните преговори со Република Македонија за деблокирање на евроинтегративните процеси и отворање на преспективи за Македонија. Најавата за вето од некои земји членки на ЕУ, …

Демократски сојуз инсистира: Македонија на т.н. „брза лента“ за интеграција во ЕУ Read More »

Холандија е за преговори на ЕУ со Македонија, а против Албанија


Парламентот во Холандија е против Албанија да почне преговори за членство со ЕУ, додека за Македонија има позитивен став за преминување на следното скалило во процесот на евроинтеграција. Холандија е една од земјите кои беа скептични во однос на тоа дали ЕУ треба да почне пристапни приговори со Македонија и со Албанија, за што одлуката …

Холандија е за преговори на ЕУ со Македонија, а против Албанија Read More »

Могерини: ЕУ да отвори преговори со Македонија


Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, ги поздрави двајцата премиери за нивната одлучност и лидерство во постигнувањето на историскиoт договор. – Овој успех им припаѓа на лидерите на двете земји и нивните екипи, но пред сѐ на граѓаните на двете земји, и на Европа. Преговарачкиот процес, под водство на ОН, и медијацијата …

Могерини: ЕУ да отвори преговори со Македонија Read More »

Груби: Се преговара за нови можни креативни решенија


Пратеникот на ДУИ, Артан Груби денеска во интервју за Канал 5 истакна дека преговорите меѓу Македонија и Грција за името не се во ќорсокак, туку дека се работи за различна имплементација на договореното и додаде дека во игра се и други креативни решенија, освен оние од пакетот на Метју Нимиц. – Медијаторот Нимиц ги предложи Северна, …

Груби: Се преговара за нови можни креативни решенија Read More »

Рама: Албанија заслужува почеток на преговори


Албанскиот премиер, Еди Рама, високо ја оценува поддршката на Австрија, во секој клучен миг низ кој минала неговата земја,посочувајќи ја како силен партнер на интеграцискиот пат кон ЕУ. Во интервју за A-Ер-Де, Рама вели дека „Австрија одамна е поддржувач на Западен Балкан и отсекогаш била лојална и пријателски определена кон нас. Таа е исто така …

Рама: Албанија заслужува почеток на преговори Read More »

Исход од преговорите за името кон средината на оваа недела


Конечниот исход од оваа фаза од преговорите за името се очекува да биде познат кон средината на оваа недела, најавува за „Независен весник“ висок владин функционер. Тој го најавува како клучен момент за исходот од преговорите за името разговорот што претстои меѓу премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас. Од разговорите …

Исход од преговорите за името кон средината на оваа недела Read More »

Десницата фатена на препад


Десницата фатена на препад – е првата генерална оценка по обзнанувањето на можниот усогласен предлог за името на нашата земја: „Република Илинденска Македонија“. Жонглирајќи меѓу „Горна“ и „Северна“, јазикот, идентитетот и нивната транскрипција, преку ноќ на „виделина“ излезе „Илинденска“ и ги фати неподготвени оние што се подготвени за компромис, додека кај тврдокорните ставот е ист …

Десницата фатена на препад Read More »

Ципрас и Павлопулос утре ќе разговараат за текот на преговорите за името


Во претседателската палата во Атина утре претпладне, во 9,30 часот, грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе го извести претседателот Прокопис Павлопулос за текот на преговорите околу името, соопштуваат од кабинетот на Ципрас. По средбата со Павлопулос, грчкиот премиер, за истата тема, но телефонски ќе ги извести лидерите на политичките партии. Грчки владини извори утринава  ги брифираа медиумите …

Ципрас и Павлопулос утре ќе разговараат за текот на преговорите за името Read More »

ПЕС ќе му предложи Европскиот совет во јуни да определи датум за старт на преговори со Македонија


Членките на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) кои имаат свои претставници во највисоките институции на ЕУ ќе му предложат на Европскиот совет на ЕУ во јуни да определи датум за старт на преговори со Македонија, соопшти СДСМ. Според СДСМ, Македонија има силна поддршка од сите членки на ПЕС. Тие ветија ангажман за да се унапредат перспективите на …

ПЕС ќе му предложи Европскиот совет во јуни да определи датум за старт на преговори со Македонија Read More »

Димитров: Очекуваме датум за преговори со ЕУ


Евроинтеграцијата е најдобриот инструмент што го има ЕУ за да им помогне на оние кои сакаат да се променат и да направат реформи, истакна македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на конференцијата за перспективите на Западен Балкан за вклучување во ЕУ, што се одржа денеска во Софија. Димитров рече дека по позитивниот извештај од …

Димитров: Очекуваме датум за преговори со ЕУ Read More »

Хан за „Та неа“: Може да се најде решение на името, но важен е и квалитетот на договорот


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во интервју за грчкиот весник „Та неа“, изрази убеденост дека може да се постигне решение за името, и оценува дека во Софија нема да биде одлучувачката точка за тоа дали ќе има решение, туку тоа што е важно во овој процес е квалитетот на договорот. – Со оглед на напорите …

Хан за „Та неа“: Може да се најде решение на името, но важен е и квалитетот на договорот Read More »

Ѕанакопулос: Има напредок, но не сме блиску до договор, можна и нова рунда преговори


Во тековните разговори со нашите соседи имаме направено значителен напредок, но сѐ уште не сме блиску до исходот од преговорите и постигнување договор, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на денешниот редовен брифинг со новинарите и додаде дека токму затоа средбата на двајцата премиери “ќе биде исклучително корисна и важна”. – Но, …

Ѕанакопулос: Има напредок, но не сме блиску до договор, можна и нова рунда преговори Read More »

Груби: Очекуваме храброст и одлучност од ЕУ за датум за преговори


Македонија ги исполни сите услови за добивање датум за преговори годинава. Настапивме храбро во согласност со очекувањата од Брисел. Сега, очекуваме иста, дури и поголема храброст и одлучност и од страна на земјите членки на ЕУ во поглед на отпочнување на преговори за членство, истакна денеска претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби на …

Груби: Очекуваме храброст и одлучност од ЕУ за датум за преговори Read More »