Рама: Албанија заслужува почеток на преговори


Албанскиот премиер, Еди Рама, високо ја оценува поддршката на Австрија, во секој клучен миг низ кој минала неговата земја,посочувајќи ја како силен партнер на интеграцискиот пат кон ЕУ.

Во интервју за A-Ер-Де, Рама вели дека „Австрија одамна е поддржувач на Западен Балкан и отсекогаш била лојална и пријателски определена кон нас. Таа е исто така еден од нашите големи поддржувачи. ”

Кога станува збор за почеток на преговорите со ЕУ, тој оценува дека „Албанија заслужува да добие почеток на преговори, зашто добила многу јасна препорака од Комисијата“.

– Не можам да разберам како оваа машинерија која чини милијарди за да состави значајни извештаи може да ги оспори своите цели. Се разбира, знам дека има земји-членки кои имаат внатрешни проблеми, но цврсто верувам во душата на Европа. И во душата на Европа постои строг и правичен пристап, до сега пристапот е строг и се надевам дека тоа не е неправедно, смета Рама

Прашан околу резултатите на последниот Самит на Западен Балкан,одржан во Софија и дали очекувал повеќе резултати,Рама вели дека не очекувал.

– Не, не очекував,бидејќи знам што сме направиле и колкав напредок можеме да направиме,така што знаев дека не беше време да бараме било што,но беше момент да продолжиме и да се бориме,значи беше добра средба бидејќи можев да се борам,-изјави Рама