Нови пожари во Грција, превентивно евакуирани села


Шумски пожар изби доцна синоќа во северозападниот дел на грчкиот остров Хиос, а во текот на ноќта беше побарано од жителите на две села, превентивно да се евакуираат, јави дописничката на МИА од Атина. Рано утрово засилени се силите што учествуваат во гаснењето на пожарот и интервенираат 90 пожарникари со шест пешадиски тима, 18 возила, …

Нови пожари во Грција, превентивно евакуирани села Read More »

Локализирани пожарите кај Неготино и Демир Капија


Ставен е под контрола пожарот кај Неготино, информираше вечерва директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. На пожарот интервенираа пожарникари од Неготино и Кавадарци, а во гаснењето се вклучија и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР. – Бидејќи немаше потреба од второ дејство на авионот на ДЗС, хеликоптер на МВР со ведро од еден тон во …

Локализирани пожарите кај Неготино и Демир Капија Read More »

Се урна „канадер’ на грчкиот остров Евија


Авион од типот „канадер“ се урна на грчкиот остров Евија додека учествуваше во гаснењето на пожарот во близина на Каристос,  јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално станува збор за грчки авион, со оглед на тоа дека во Грција пристигнаа и странски авиони за да помогнат во гаснењето на пожарот. Во канадерите најчесто има две …

Се урна „канадер’ на грчкиот остров Евија Read More »

Тројца македонски државјани ја контактирале Амбасадата откако пожари ја зафатија Грција, безбедни се на островот Родос


 Во врска со пожарите кои ја зафатија Грција, информираме дека заклучно со денешниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија ја контактирале нашата Амбасада во Атина. Истите се наоѓаат на безбедно место, на грчкиот остров Родос, информираа денеска од Министерството за надворешни работи. Од МНР потенцираат дека Дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во Грција, продолжуваат …

Тројца македонски државјани ја контактирале Амбасадата откако пожари ја зафатија Грција, безбедни се на островот Родос Read More »

Петровска –Дендиас: Северна Македонија подготвена да ѝ помогне на Грција за пожарите


Министерката за одбрана на Северна Македонија Славјанка Петровска во телефонски разговор со нејзиниот грчки колега Никос Дендиас ја изразила подготвеност на нашата земја да ѝ помогне на Грција во справувањето со пожарите, јави дописничката на МИА од Атина. За телефонскиот разговор министрите вечерва информираа преку социјалните мрежи. -Во телефонски разговор со мојот грчки колега Никос …

Петровска –Дендиас: Северна Македонија подготвена да ѝ помогне на Грција за пожарите Read More »

Подобрена ситуацијата со пожарите во Грција


Рано утрово значително е подобрена ситуацијата со пожарите во Грција, откако вчера попладне имаше разгорувања и во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и на островот Родос, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос за грчката телевизија ЕРТ објасни дека во овој момент во земјата …

Подобрена ситуацијата со пожарите во Грција Read More »

Ангелов апелира градоначалниците први да се соочат со пожарите – хеликоптери и авиони има


 Оваа година, за справување со пожарите, на располагање се три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, од кои едниот е во функција а останатите два треба да пристигнат во секој момент во државата, како и по два армиски и полициски хеликоптери. Како што појасни директорот на Центарот за управа со кризи, Стојанче Ангелов, на …

Ангелов апелира градоначалниците први да се соочат со пожарите – хеликоптери и авиони има Read More »

Против пожари со просеки на висорамнината Љубаш во Кавадарци


Обновени се противпожарни просеки на висорамнината Љубаш, како превенција од пожари на овие многу високи температури и прогласена портокалова фаза со метео аларм, информираа попладнево од Територијалната противпожарна единица Кавадарци. – Активноста ја реализиравме во соработка со шумското стопанство ,,Бор”, јавното претпријатие ,,Комуналец” и општинскиот сектор ,,Мој општинар”, со поддршка на градоначалникот Митко Јанчев. Оваа …

Против пожари со просеки на висорамнината Љубаш во Кавадарци Read More »

Европската агенција за животна средина најавува страшно лето: Поплави, суши, пожари…


Ова лето Европа ќе се соочи со посилни, подолги и почести топлотни бранови, како и суши, поплави и пожари, а сето тоа ја загрозува природата, здравјето на луѓето и економијата, предупреди денеска Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Во јужна Европа, може да има повеќе од 60 летни денови, во кои условите би биле опасни …

Европската агенција за животна средина најавува страшно лето: Поплави, суши, пожари… Read More »

Пожарите во Канада го загрозија и Вашингтон: „Вакво нешто не сум видел“


Воздухот во североисточниот дел на Соединетите Американски Држави денеска повторно беше силно загаден поради чадот од шумските пожари кои моментално беснеат во Канада, што предизвика здравствени грижи за десетици милиони Американци. Овој тип на атмосферско загадување, кое ретко се гледа, ја зафати областа од Илиноис на север до Јужна Каролина. Тоа предизвикува загриженост за здравјето …

Пожарите во Канада го загрозија и Вашингтон: „Вакво нешто не сум видел“ Read More »

Над 400 акивни пожари во „најлошата сезона на шумски пожари“ во Канада


Повеќе од 400 шумски пожари продолжуваат да беснеат во Канада во она што премиерот Џастин Трудо го оквалификува како –  „најлошата сезона на шумски пожари“ во историјата. Најмалку 150 активни пожари се регистрирани во провинцијата Квебек. Според канадската национална база на податоци за пожари, до денеска се уништени над 3,8 милиони хектари канадска шума. 

Пожарите во Шпанија вон контрола, се евакуира население


Шумски пожари беснеат во регионот Екстремадура во западна Шпанија. Досега пожарите се проширија на 1.500 хектари, а евакуирани се 550 лица, соопштија локалните служби за итни случаи. – Пожарот е надвор од контрола, а времето особено им ја отежнува работата на пожарникарите – изјави командантот Давид Барона од воената единица за вонредни ситуации за шпанскиот …

Пожарите во Шпанија вон контрола, се евакуира население Read More »

Пожарникари од пет европски земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција


Над 180 пожарникари од европски земји и оваа година ќе бидат лоцирани во Грција во јули и август за доколку е потребно да им помогнат на нивните грчки колеги во справувањето со пожарите во текот на летниот период, програма што се спроведува преку Европскиот механизам за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина. Како …

Пожарникари од пет европски земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција Read More »

(Видео) Стотици пожари беснеат низ Канада: „Ова е без преседан“


Илјадници евакуирани, села претворени во пепел, нафтени капацитети затворени… Два дена по прогласувањето на вонредна состојба, канадската провинција Алберта во понеделникот побара помош од федералната влада за борба против „невидените“ шумски пожари. Денеска, речиси 100 шумски пожари сè уште горат во покраината, вклучително и 27 за кои властите соопштија дека не биле ставени под контрола. …

(Видео) Стотици пожари беснеат низ Канада: „Ова е без преседан“ Read More »

Пенов: Заедно со ЕУ прекугранично ќе ја подобруваме пожарната заштита во Македонија и Албанија


Подобрување на системите за заштита од пожари и одговор во соработка со соседните општини од Македонија и Албанија е проект што треба да се реализира до август 2024 година, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов при денешната посета на новиот прекуграничен проект „Прекуграничен противпожарен штит“ поддржан од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична …

Пенов: Заедно со ЕУ прекугранично ќе ја подобруваме пожарната заштита во Македонија и Албанија Read More »

Подобрување на системите за заштита од пожари и одговор со соседни општини од Македонија и Албанија


Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска ќе изврши увид во работите за подобрување на системите за заштита од пожари во рамки на новиот прекуграничен проект „Прекуграничен противпожарен штит“, во близина на Општина Врапчиште во село Градец. Како што појаснуваат од Министерството за локална самоуправа, проектот „Прекуграничен противпожарен штит“ е за подобрување на системите за …

Подобрување на системите за заштита од пожари и одговор со соседни општини од Македонија и Албанија Read More »

Генералниот секретар на ОН повика на глобален одговор на катастрофалните поплави во Пакистан


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска го повика светот да се обедини во поддршка на Пакистан каде пристигна во екот на катастрофалните поплави, јави ДПА. Третина од Пакистан моментално е под вода по големите поплави предизвикани од двомесечните рекордни монсунски дождови, во кои досега загинаа 1.391 лице, а уништена е и инфраструктура и егзистенција на милиони луѓе. Најмалку …

Генералниот секретар на ОН повика на глобален одговор на катастрофалните поплави во Пакистан Read More »

Коперникус: Имаме најголеми емисии од пожари на отворено во последните 15 години


Коперникус, Службата за мониторинг на атмосферата на Европската комисија (CAMS), денеска соопшти дека шумските пожари низ Европа, поттикнати од комбинацијата на топлотниот бран во август и продолжените сушни услови, предизвикале највисоки емисии во последните 15 години. Вкупните емисии од пожарите во Европската унија и Велика Британија од 1 јуни до 31 август 2022 година се проценуваат на 6,4 мегатони …

Коперникус: Имаме најголеми емисии од пожари на отворено во последните 15 години Read More »

ЕУ: 2022 година рекордна по бројот пожари во југозападна Европа


Пожарите што уништија десетици илјади хектари шума во Франција, Шпанија и Португалија ја направија 2022 година рекордна кога станува збор за југозападна Европа, соопшти денеска Службата на ЕУ за сателитско следење. Поради долготрајните тропски горештини што резултираа со температурни рекорди, во Франција последните три месеци регистрирани се рекордно високи параметри на загаденост на воздухот до …

ЕУ: 2022 година рекордна по бројот пожари во југозападна Европа Read More »

Активни два пожари, пожарот кај с.Фурка локализиран, утрово се догасува


Пожарот кај с.Фурка нема активно горење, локализиран е во 19.00 часот. Останати се екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, другите се повлечени, а според раноутрински информации и план ќе се догасува, соопшти Центарот за управување со кризи. Шумскиот пожар во планината помеѓу с. Вапила и с. Расино, Охридско, е се уште активен. Гори деградирана …

Активни два пожари, пожарот кај с.Фурка локализиран, утрово се догасува Read More »