Се градат пристапни рампи во училиштето „Христијан Тодоровски Карпош“


Општина Карпош денеска почна да гради пристапни рампи за лица со посебни потреби во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош” во населбата Карпош 1. Предвидено е да се изградат пет рампи, четири ќе бидат поставени на влезовите на објектот, а една во внатрешниот дел во училиштето.

Се доградуваат нови занимални во градинката „Мајски свет“ во Тафталиџе 2


Денеска започна реконструкцијата на дел од објектот на градинката „Мајски Цвет” во Тафталиџе 2. Предвидено е во рок од два месеца да се изградат четири нови занимални со вкупна површина од 150 метри квадратни. Реконструкцијата, односно доградбата на објектот ќе чини околу 170.000 евра, а ќе се работи со пари од општинскиот буџет. „Квалитетната и …

Се доградуваат нови занимални во градинката „Мајски свет“ во Тафталиџе 2 Read More »

Нови 25 корпи за ТЦ „Лептокарија“


Трговскиот центар „Лептокарија“ во Карпош 3 ќе добие нови корпи. Општинарите денеска почнаа со монтажа на корпите. Планирано е да се постават 25 нови и тоа на местото на старите оштетени и украдени.

„Генералка“ во Карпош


На подрачје на општина Карпош се спроведува голема еколошка акција за чистење на зеленилото на јавните површини меѓу зградите, т.н блоковско зеленило. Комуналните служби на Општината, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ во наредните денови интензивно ќе го чистат отпадот низ населбите. Денеска, на вториот ден од оваа целонеделна еко – акција во Карпош, …

„Генералка“ во Карпош Read More »

Бесплатни прегледи и пливање за децата со деформитети на ‘рбетот


Во Општина Карпош започнуваат бесплатни прегледи за рано откривање на деформитети на ‘рбетниот столб кај учениците од шесто до деветто одделение. Учениците кај кои ќе бидат утврдени деформитети, ќе можат три пати неделно, бесплатно да вежбаат во базенот на Институтот за физикална медицина и рехабилитација. Станува збор за проект на Општината во соработка со ЈЗУ „Институт …

Бесплатни прегледи и пливање за децата со деформитети на ‘рбетот Read More »

Општина Карпош со интервентни мерки за справување со загадувањето


Општина Карпош презема интервентни мерки за справување со загадувањето во општината, изјави денеска градоначалникот Стефан Богоев. Тој најави започнување на процедура за итна набавка на прочистувачи на воздух за сите градинки и училишта на територија на општина Карпош. – Дополнително итно ги запираме градежните активности кои произлегуваат од работењето на општина Карпош и се однесуваат …

Општина Карпош со интервентни мерки за справување со загадувањето Read More »

Општина Карпош казни градежник со 4.000 евра


Инспекторите на општина Карпош во рамки на вонредната контрола на поголемите градилишта во општината изрекле прекршочна санкција во износ од четири илјади евра за еден инвеститор на улица „Лондонска”. Како што информираат од општина Карпош, за два инвеститори на улица „Варшавска” се уште тече рокот за отстранување на утврдените неправилности, додека друг инвеститор на улица …

Општина Карпош казни градежник со 4.000 евра Read More »