Се градат пристапни рампи во училиштето „Христијан Тодоровски Карпош“


Општина Карпош денеска почна да гради пристапни рампи за лица со посебни потреби во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош” во населбата Карпош 1. Предвидено е да се изградат пет рампи, четири ќе бидат поставени на влезовите на објектот, а една во внатрешниот дел во училиштето.