ОКТА и Хеленик Петролеум ќе стипендираат тројца македонски студенти


Тројца македонски дипломци денеска во седиштето на ОКТА, потпишаа договор со кој компанијата ОКТА и Групацијата Хеленик Петролеум им доделуваат стипендии за постдипломски студии на Универзитетот во Пиреја, Грција. Двајца од нив, Ѓорѓи Калпакоски и Марио Менчовски добиваат целосна стипендија, во која покрај платените студии, вклучени се и трошоци за живот во висина од 1.000 …

ОКТА и Хеленик Петролеум ќе стипендираат тројца македонски студенти Read More »

OKTA во 2018 со зголемена продажбата на странските пазари


ОКТА ја обележа 2018 година со подобрување на продажбата, главно благодарение на значителното зголемување на продажбата на странскиот пазар и успешното одржување на високиот домашен пазарен удел. И покрај сите предизвици со кои се соочи во текот на 2018 година, компанијата успеа да истрае во конкурентното пазарно окружување и да биде еден од двигателите на …

OKTA во 2018 со зголемена продажбата на странските пазари Read More »

Лабораторијата на ОКТА со меѓународен сертификат за врвен квалитет за анализа на горива


Лабораторијата на ОКТА доби меѓународен сертификат кој претставува потврда за високото ниво на квалитет и прецизност со кое се вршат испитувањата на нафтените деривати. Со сертификатот, кој го доделува реномираниот и глобално ценет Институт за интерлабораториски студии од Холандија, испитувањата и перформансите на лабораторијата на ОКТА се оценети со највисока оцена. Предмет на анализата преку …

Лабораторијата на ОКТА со меѓународен сертификат за врвен квалитет за анализа на горива Read More »

Првата фотоволтаична централа на ОКТА инсталирана во Единство Струмица пуштена во употреба


ОКТА ја пушти во употребата првата фотоволтаична централа инсталирана на покривот на компанијата Конфекција и трикотажа АД Единство од Струмица. Поставувањето на централата е дел од десетгодишниот договор склучен со струмичката компанија за снабдување со електрична енергија по најповолни пазарни услови. Со овој чекор ОКТА влегува на пазарот на електрична енергија во двојна улога, и …

Првата фотоволтаична централа на ОКТА инсталирана во Единство Струмица пуштена во употреба Read More »

ОКТА доби признание за општествена одговорност за еко проект за прочистување нафтен талог со помош на растенија


Проектот на ОКТА за фиторемедијација, односно прочистување на нафтен талог со помош на растенија, доби признание за една од најдобрите општествено одговорни практики во 2018 година. Признанието го доделуваат Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата со цел да се промовираат добрата корпоративна практика, иновативноста и одговорниот однос на компаниите кон …

ОКТА доби признание за општествена одговорност за еко проект за прочистување нафтен талог со помош на растенија Read More »

Доделени стипендиите од ОКТА за десетте студенти на УКИМ


Десет студенти од шест факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се добитници на стипендиите за втор циклус студии кои втора година по ред ги доделува компанијата ОКТА. Стипендиите на избраните кандидати им ги врачи Главниот извршен директор на ОКТА, Јанис Геруланос, за време на свеченоста за одбележување на 40годишниот јубилеј на компанијата. Со доделување …

Доделени стипендиите од ОКТА за десетте студенти на УКИМ Read More »

ОКТА ги зголеми приходите од продажба за 34 отсто во третиот квартал


ОКТА го одржа високиот обем на продажба и пазарен удел во третиот квартал од 2018 година, додека забележа намалена профитабилност пред сè поради повисоките дисконти кои се резултат на промените во структурата на плаќање. Компанијата соопшти дека намалената профитабилност била делумно неутрализирана со позитивниот ефект од залихите постигнат со нагорниот тренд на меѓународните цени на …

ОКТА ги зголеми приходите од продажба за 34 отсто во третиот квартал Read More »

Со донација на 280 оброци, во ОКТА одбележан Денот на гладот


Вработените во ОКТА уште еднаш ја покажаа својата хуманост, активно вклучувајќи се во одбележувањето на Светскиот ден за борба против гладот. Со колективно откажување од своите дневни купони за храна, вработените собраа парични средства со кои се обезбеди донација од 280 оброци за социјално загрозените семејства во државата. Пакетите со храна, преку Црвениот крст, исто …

Со донација на 280 оброци, во ОКТА одбележан Денот на гладот Read More »

Десет студенти на УКИМ ќе добијат стипендии од ОКТА


ОКТА и годинава ќе додели целосни стипендии за постдипломски студии за десет студенти на УКИМ. Според Меморандумот за соработка, потпишан меѓу компанијата и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, каде се дефинирани условите за добивање на оваа стипендија, ОКТА ќе ги поддржи најуспешните и најамбициозните студенти кои сакаат да го продлабочат своето знаење на повисоко ниво …

Десет студенти на УКИМ ќе добијат стипендии од ОКТА Read More »

Ќе протече ли дизел низ цевководот Солун-Скопје?


Одборот на директори на македонско-грчката фирма „Вардакс“, која што стопанисува со продуктоводот Солун-Скопје има седница в понеделник. Владата вчера беше молчелива за дневниот ред на средбата. На редовниот прес во среда, Владата кусо кажа дека двајцата претставници на македонскиот капитал во одборот на директори на „Вардакс“ ќе учествуваат на седницата и добиле насоки како да …

Ќе протече ли дизел низ цевководот Солун-Скопје? Read More »

Окта: Во Македонија влегува српски мазут кој не ги задоволува стандардите


ОКТА ја обвини Царината и Пазарниот инспекторат дека дозволуваат да се увезе мазут од српската рафинерија во Панчево кој не е по македонските стандарди и не ги задоволува стандардите. Мазутот од Србија го користи кавадаречки ФЕНИ, а претходно го набавувал од ОКТА Од нафтената компанија тврдат дека за ова пред еден месец ги алармирале и царинската …

Окта: Во Македонија влегува српски мазут кој не ги задоволува стандардите Read More »

ОКТА со повисоки приходи од продажба во првиот квартал


ОКТА АД – Скопје го заврши првиот квартал од 2018 година, со приходи од продажба во износ од 5.208 милиони денари, споредбено со 5.103 милиони денари од истиот период минатата година, како резултат на повисоките интернационални цени на горивото. Продажните количини на домашниот и на странскиот пазар се одвиваа со стабилен тек, што придонесе кон …

ОКТА со повисоки приходи од продажба во првиот квартал Read More »

ОКТА и Хеленик Петролеум доделуваат стипендии за постдипломски студии во Грција


Втора година по ред, студенти од Македонија ќе добијат можност за стипендии од ОКТА и од Хеленик Петролеум Групацијата за постдипломски студии во Грција. Конкурсот за аплицирање за овие стипендии е отворен, а наменет е за студентите од Машинскиот, Технолошко – металуршкиот, Природно – математичкиот, Правниот и Економскиот факултет. Стипендиите се доделуваат за Постдипломска програма …

ОКТА и Хеленик Петролеум доделуваат стипендии за постдипломски студии во Грција Read More »