Окта: Во Македонија влегува српски мазут кој не ги задоволува стандардите


ОКТА ја обвини Царината и Пазарниот инспекторат дека дозволуваат да се увезе мазут од српската рафинерија во Панчево кој не е по македонските стандарди и не ги задоволува стандардите.

Мазутот од Србија го користи кавадаречки ФЕНИ, а претходно го набавувал од ОКТА

Од нафтената компанија тврдат дека за ова пред еден месец ги алармирале и царинската управа и пазарниот инспекторат, но ниту една институција не издала забрана за увоз.

Од Пазарниот инспекторат велат дека тие не можат да го спречат увозот. Постапиле веднаш по поплаките на ОКТА, но уште ги чекаат резултатите од анализите. Од Царина објаснуваат дека тие мора да ги пуштат цистерните на граница, но одлуката дали горивто ќе заврши на пазарот ја носи Пазарната инспекција.