Ковачевски: Технички дефект го предизвика вчерашниот прекин во снабдувањето со струја на Скопје, Велес и дел од Овчеполието


Вчерашниот прекин во снабдувањето со електрична енергија во Скопје, Велес и дел од Овчеполието е резултат на технички дефект што се случи на еден од далноводите во Пинтија кои го напојуваат Скопје, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски. Таму, како што кажа, изгорел изолатор на високонапонскиот далновод. -Како резултат на тоа се случило опожарување на сламата …

Ковачевски: Технички дефект го предизвика вчерашниот прекин во снабдувањето со струја на Скопје, Велес и дел од Овчеполието Read More »

(Во живо) Премиерот Ковачевски на закројување лозје


Премиерот Димитар Ковачевски присуствува на закројување на лозје во винаријата „Гоце Делчев“ во с.Трстеник во близина на Росоман. Премиерот Ковачевски е биде придружуван и од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. По настанот премиерот Ковачевски и министерот Николовски ќе дадат изјава за медиумите. Проследете ги во живо:

Ковачевски задоволен што не сме веќе „хибриден режим“


Премиерот Димитар Ковачевски денеска изрази задоволство што Македонија излегла од групата „хибридни режими“ во рангирањето Индекс на демократијата на британскиот магазин „Економист“ и влезе во зоната на функционални демократии како „демократија со недостатоци“. македонија прв пат влезе во групата „хибридни режими“ во 2016 година. „Не така одамна бевме сведоци колку е опасно кога демократски назадуваме. …

Ковачевски задоволен што не сме веќе „хибриден режим“ Read More »

Ковачевски: Политичарите да зборуваат за политичките прашања, историчарите за историските прашања


Премиерот Димитар Ковачевски, во однос на тоа како коментира одредени изјави на членови на Заедничката историската комисија со Бугарија, како и во однос на новиот пристап преку дијалог на новоформираните работни групи меѓу двете земји, рече дека треба да се остави на историчарите според својата методологија да ги даваат изјавите, политичарите да зборуваат за политичките …

Ковачевски: Политичарите да зборуваат за политичките прашања, историчарите за историските прашања Read More »

Ковачевски: Законот за минимална плата важи и за јавниот и за приватниот сектор


Сите работодавачи без разлика дали се од приватниот или јавниот сектор се должни да го почитуваат спроведувањето на Законот за минимална плата, а секое непочитување треба да се пријават во надлежните институции, вели премиерот Димитар Ковачевски. Според него, овој закон важи за сите работници во државата и во однос на неговото спроведување нема разлика дали …

Ковачевски: Законот за минимална плата важи и за јавниот и за приватниот сектор Read More »

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ беше против Законот за минимална плата, станаа „за“ кога постигнавме договор


Премиерот Димитар Ковачевски  вели дека ВМРО-ДПМНЕ биле против Законот за минималната плата, а станале „за“ кога социјалните партнери постигнаа договор. На опозициската партија која најави амандманска интервенција на законот за усогласување на платите со минималната Ковачевски денеска и порача првин да одговори дали биле „за“ минимална плата и дали го блокирале цела година во Собранието …

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ беше против Законот за минимална плата, станаа „за“ кога постигнавме договор Read More »

„Кондево“ за 50 отсто ќе ги зголеми своите капацитети во ТИРЗ Штип


Преку инсталирање две нови високософистицирани линии за нови производи италијанската фабрика „Кондево“, која е лоцирана во ТИРЗ Штип, планира првичната инвестиција од 35 милиони евра да ја зголеми за 50 отсто и да го зголеми број на вработени од сегашните 107 на 150 вработени до средината на годинава, како и да има дополнително зголемување на …

„Кондево“ за 50 отсто ќе ги зголеми своите капацитети во ТИРЗ Штип Read More »

(Во живо) Ковачевски во посета на ТИРЗ Штип


Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, ја посетија фабриката „Кондево“ во ТИРЗ Штип. По обиколката на фабриката предвидени се изјави за медиумите во 12:20 часот. Проследете ги во живо:

Ковачевски: Oчекувам уште утре да има решение за минималната плата


 Владата е на страната на работниците – покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето, напиша денеска на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски. Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни, порачува, е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците. – Очекувам уште утре да имаме решение за покачување …

Ковачевски: Oчекувам уште утре да има решение за минималната плата Read More »

Ковачевски : Одолговлекувањето на ЕУ процесот ја намалува посветеноста на општеството


Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, прифати да одговори на неколку прашања за МИА по неговата прва работна посета на Брисел, седиштето на ЕУ и НАТО, каде тој оствари средби со челниците на овие две организации. Ковачевски сака брзо но и квалитетно решение со соседна Бугарија за да се отворат долгоочекуваните и заслужени преговори со …

Ковачевски : Одолговлекувањето на ЕУ процесот ја намалува посветеноста на општеството Read More »

Ковачевски: Гоце Делчев е великан на македонското револуционерно дело


  На годишнината од раѓањето на Гоце Делчев премиерот Димитар Ковачевски од Брисел испрати порака во која го слави делото на водачот на македонската револуционерна организација. Ковачевски во пораката вели: „Оваа година се навршуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, век и половина почит и слава кон животот и делото на великанот на македонското …

Ковачевски: Гоце Делчев е великан на македонското револуционерно дело Read More »

Ковачевски на средба со Шарл Мишел во Брисел


Белгија– Во текот на денешниот ден премиерот Димитар Ковачевски ќе се сретне со претседателите на Европскиот Совет и на Европската Комисија со кои ќе разговара за ЕУ патот на Северна Македонија и бугарската блокада, јави дописничката на МИА од Брисел. Денеска во 9.30 часот премиерот Ковачевски треба да се сретне со претседателот на Европскиот Совет, …

Ковачевски на средба со Шарл Мишел во Брисел Read More »

Столтенберг до Ковачевски: Подгответе се и за најлошото (Видео)


  Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, утрово по средбата со премиерот Димитар Ковачевски, порача дека разговарале за состојбата во и околу Украина и дека треба, како земја членка, да бидеме подготвени за секакви сценарија околу кризата, па и за најлошото.  „Има значително движење на руските воени сили кон Белорусија. Ова е најголемо распоредување на …

Столтенберг до Ковачевски: Подгответе се и за најлошото (Видео) Read More »

Премиерот Ковачевски во прва посета на Брисел


Белгија – Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска и утре првпат откако е на функција ќе оствари посета на седиштата на ЕУ и НАТО во Брисел. Ковачевски утрово ќе се сретне прво со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На средбата ќе бидат присутни и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и министерката за одбрана …

Премиерот Ковачевски во прва посета на Брисел Read More »

Ковачевски на средба со поглаварите на верските заедници: Добрата соработка ќе продолжи


Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава – на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов, бискуп скопски и струмичко-скопски епарх, со претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви и со …

Ковачевски на средба со поглаварите на верските заедници: Добрата соработка ќе продолжи Read More »

Kовачевски-Мицотакис: Продолжува да се гради и зајакнува пријателството


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, попладнево оствари телефонски разговор со премиерот на Хеленската Република Кирјакос Мицотакис, кој му честита на изборот за премиер, и му посака плодна и успешна работа. Двајцата премиери се согласија дека односите меѓу двете земји се на одлично ниво, и дека ќе продолжи да се гради и …

Kовачевски-Мицотакис: Продолжува да се гради и зајакнува пријателството Read More »

Прилепската гимназија доби нов покрив и фасада, до 1 септември очекува реновирани училници


Вложуваме во децата, во младите и во образованието и во пандемиска година вложивме околу 1 милијарда денари за подобри услови во образовниот процес што е за 2,5 пати повеќе од 2020 година, изјави премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на прилепското основно училиште „Кире Гаврилоски-Јане“ и на прилепската гимназија „Мирче Ацев“. Ковачевски, заедно со министерот …

Прилепската гимназија доби нов покрив и фасада, до 1 септември очекува реновирани училници Read More »

(Во живо) Ковачевски во Бугарија за заедничка седница на двете влади


Премиерот Димитар Ковачевски денеска замина за Софија каде ја предводи владината делегација во дводневна официјална посета на Република Бугарија во чии рамки е предвидено и одржувањето на мешовитиот состанок на двете влади. Владината делегација на Република Северна Македонија пристигнува во попладневните часови, а  ќе биде свечено пречекана со церемонија со највисоки државни почести на плоштадот …

(Во живо) Ковачевски во Бугарија за заедничка седница на двете влади Read More »

Вселенскиот патријарх Вартоломеј упати честитка до премиерот Ковачевски


Неговата Божествена Сесветост, Патријархот Вартоломеј испрати пораки со честитки од името на Вселенската Патријаршија до новоизбраниот македонски премиер Димитар Ковачевски. Неговата Сесветост на Ковачевски му посака плодотворна и успешна служба.