Што ручаа Ковачевски, Заев и Ахмети


Можеме да здивнеме со олеснување бидејќи македонското истражувачко новинарство ја откри големата тајна на историскиот ручек кој траел рамно четири часа, тринаесет минути и 25 секунди кога премиерот Димитар Ковачевски задоволен ги испратил своите гости Зоран Заев и Али Ахмети. Го платил цехот, а оставил и голем бакшиш, бидејќи вештите готвачи успеале среде зима да подготват …

Што ручаа Ковачевски, Заев и Ахмети Read More »

Колку ЕУ може да ја промени Македонија?


Само уште неколкумина последни медиумски Мохиканци се бават со темата колку преговорите со Брисел и членството во ЕУ можеше, и сѐ уште може да ја промени Македонија, и колкави и какви штети им се нанесени на граѓаните што тоа не се случи досега. Виновниците за оваа катастрофална стратегиска грешка успеваат и натаму да мобилизираат следбеници …

Колку ЕУ може да ја промени Македонија? Read More »

Принудна управа или Европа?


Ако денес, по повеќе години, повторно го читам предлогот на еден поранешен премиер на Македонија дека треба да се укинат политичките партии и Собранието, а за спасување на државата да се воведе принудна управа под надзор на странци, немаше да бидам категорично против тоа еден бивш премиер на независна Македонија да објави јавно таква размисла …

Принудна управа или Европа? Read More »

Што нѐ чека во 2024 година?


Ако првиот одговор на претенциозниот наслов на оваа последна моја овогодишна колумна ви е: не знам, нѐ очекува голема неизвесност вие сте реален човек. Тоа е, според некои оценки, карактеристика на добро информиран оптимист, дистанциран од партиските постојани и особено предизборни кампањи. Други гатачи тој одговор за големата неизвесност што нѐ очекува го квалификуваат како …

Што нѐ чека во 2024 година? Read More »

Геополитичкото глупирање во подем


„Владимир Путин вели дека е религиозен и дека силно ја поддржува Руската православна црква. Ако е така, тогаш е лесно возможно секоја вечер кога ќе оди на спиење и да се помоли да го прашува Господ: ‘Зошто не си создал некои планини во Украина?’ Ако Господ создал планини во Украина, тогаш големото пространство познато како …

Геополитичкото глупирање во подем Read More »

Монструмите се ликвидираат кога се мали


Монструмите најлесно се ликвидираат кога се во ембрионална фаза, кога се мали. Можеш да ги згазиш како лебарка. Ако ги оставиш да пораснат тие ќе газат сѐ пред себе. Стануваат моќни злосторници добро затскриени во јавниот амбиент кој самите го создаваат како во овој редок случај, ако не и единствен, кој оневозможува јасно да се …

Монструмите се ликвидираат кога се мали Read More »

Ќе градиме фабрики за производство на минатото


Збогум Европо. Вашиот диктат за нашата иднина да бидеме во едно семејство е силен удар врз нашето достоинство и гордост. Понудата не важи. Ние остануваме да работиме во три смени во нашите најрентабилни фабрики за производство на минатото кое сакате да ни го избришете. Ќе градиме и нови фабрики за рециклирање на нашата богата историја …

Ќе градиме фабрики за производство на минатото Read More »

Во темнината на заборавот


Во Македонија во изминатите 18 години, од 2006 до 2023 година стасаа 18 извештаи на Европската комисија за едногодишниот напредок на земјата. Сите тие густо отпечатени на по 120 до 130 страници, а со нормален проред над 200 страници. Вкупно, некаде околу 3.600 страници согледувања на европските влади  за нашите состојби и реформи на патот кон ЕУ. Што …

Во темнината на заборавот Read More »

Хаос во правосудниот систем


Дали хаосот во правосудниот систем ја доведува во прашање иднината на Македонија, или тоа е врвот на драматичните последици на целосно партизираното општество? Она што се случува последниве месеци во државата, во суштина е тажниот епилог од „смртната постела“ на повеќедеценискиот метастазиран систем на владеење на правото. Дијагнозата на тешко болниот организам беше воспоставена од …

Хаос во правосудниот систем Read More »

Реформите на Ататурк и Македонија


Речиси и да нема случај во историјата на новиот век, што се смета почнувајќи од Француската буржоаска револуција 1789 година, кој уште трае, еден државник, војсководец и реформатор да покрене и спроведе такви коренити промени како што тоа го направи Мустафа Кемал Ататурк за само 15 години. На 29 октомври Турција одбележа 100 години од прогласувањето …

Реформите на Ататурк и Македонија Read More »

Блокада на умот во екот на светски војни


Две големи војни повторно му се закануваат на светот, иако не поминаа ни сто години од Втората и Првата светска војна, од најголемите ужаси, разорувања, страдања и жртви на стотици милиони луѓе што ги доживеало човештвото од своето постоење. Според многу релевантни оценки, светот влегува во најопасниот период во последните децении. Ако кликнете на вашиот …

Блокада на умот во екот на светски војни Read More »

Будалите немаат рогови


Сите прават анкети, па си реков ај и јас да направам едно испитување на јавното мислење. Избрав 2.695 луѓе не по случаен, туку по строго намерен личен избор. На тоа се одлучив бидејќи во демократијата, особено при избори, двајца будали повеќе вредат од еден паметен. Поставив само четири прашања, на кои можете и вие да одговорите. …

Будалите немаат рогови Read More »

Тестаментот на претседателот Глигоров


Денеска, 3 октомври 2023 година, утрово во 9 часот и 50 минути се навршуваат точно 28 години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров. И по речиси три децении ова злосторство и обид за дестабилизација на Македонија останува најголемата мистерија во поновата историја. Предметот не е затворен, велат истрагата уште трае, иако во тоа никој не верува. Резултати нема, …

Тестаментот на претседателот Глигоров Read More »

Кој му ги испраќа најопасните закани на Мицкоски


Притисокот со кој е соочен претседател на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоки да ги усвои уставните измени и Македонија да продолжи со Европската унија е евидентен и секојдневен. Тоа може јавно да се види, слушне и прочита од изјавите на наши сојузници и пријатели, светски државници и дипломати, од странските и домашните релевантни …

Кој му ги испраќа најопасните закани на Мицкоски Read More »

Кога Македонија ќе стане членка на ЕУ?


Има повеќе злорадост, отколку лажен оптимизам и нереална проценка во јавните лицитации на темата: кога Македонија ќе стане членка на ЕУ. Двете крајности надвладуваат во поделбата и на јавноста и на политичките партии и на институциите на системот. Потрошивме залудно скапоцено време на јалови расправи и меѓупартиски пресметки, наместо за подготвеноста за остварување на реформите кои …

Кога Македонија ќе стане членка на ЕУ? Read More »

Горди што го скршија грнето


  Знаменитиот професор Ѓорги Марјановиќ во врска со промената на името на државата кога тоа беше голема ерес, многу поголема отколку сега, напиша: „Викајте ме грне, само не ме кршете.“ Професорот, осведочен демократ, кој остана запаметен, не само на поранешните југословенски простори, со својата храброст прв да го крене јавно гласот да се укине вербалниот …

Горди што го скршија грнето Read More »

Нашите најсакани и најомразени политичари


Најпопуларен политичар кај мнозинството Албанци во Македонија е премиерот на Косово Албин Курти. Кај најголемиот број Македонци претседателот на Србија Александар Вучиќ е најсаканиот лидер и пријател. Овие два волка, тоа и на двајцата им значи презимето курт и вук, ја есапат Македонија како Црвенкапа. Румен Радев, претседателот на Бугарија, кој се претставува како ловџијата кој ја присвојува …

Нашите најсакани и најомразени политичари Read More »

Ќе го растури ли ВМРО ДПМНЕ Собранието?


За десет дена во Собранието ќе почне една од најзначајните дебати по осамостојувањето на Република Македонија. Пратениците ќе расправаат дали ќе го отворат патот за  уставни измени кои ако се усвојат водат кон членство на земјата во Европската унија, ако не се усвојат кон неизвесност за иднината на државата. Судејќи според денешниот однос на силите власт-опозиција …

Ќе го растури ли ВМРО ДПМНЕ Собранието? Read More »

Гоцевата шума уште гори


Пожарот во Гоцевата шума кај Неготино е изгасен, јавија официјалните извештаи. Меѓутоа, шумата на Делчев повторно пламна. Таа веќе од поодамна гори и тоа на 25.000 квадратни километри. Тоа што растело 120 години, пламенот го голта за еден час. Тие што ја запалија шумата ветуваат дека ќе посадат уште поубава и поголема и дека за …

Гоцевата шума уште гори Read More »

Три сценарија за иднината на Македонија


Изразот „летна шема“ во новинарството во едни минати, поспокојни времиња, означуваше полесни и поинтересни четива во летните месеци и годишните одмори. Повеќе забава и занимливости, репортажи од туристички центри, специјални прилози со крстозбори, хумор, спортски подвизи, интервјуа со естрадни ѕвезди – тоа беа главните теми. Формиравме летни редакции во нашите туристички места каде културните настани, …

Три сценарија за иднината на Македонија Read More »