Што ни откри Мицкоски на ТВ дуелот?


 Има една убава работа и за навивачите и за учесниците на предизборните тв дуели – двете страни експресно прогласуваат победа. Комуникациските експерти, пак, тврдат дека ваквите соочувања немаат големо влијание кај гласачите за да бидат пресудни за изборниот резултат, но се смета дека е значајана демократска придобивка која кај нас не се практикува на сите …

Што ни откри Мицкоски на ТВ дуелот? Read More »

Мицкоски ќе нѐ качува на платформа


Со воодушевување ги прочитав клучните проекти од списокот на желби на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мистично насловени како „Платформа 1198“. Во наредните четири години нѐ очекуваат големи достигнувања и успеси, саде убавини и остварени соништа за подобар, побогат, побезбеден и подостоинствен живот. Се разбира, тоа може да се случи единствено по големата изборна победа што веќе е извојувана …

Мицкоски ќе нѐ качува на платформа Read More »

Трагедијата на изманипулираната нација


Многу се поинтересни и посодржајни секојдневните, да ги наречам, кафе муабети, без микрофони и камери, за политиката, за состојбите во Македонија, за прогнозите кој ќе победи на изборите, кој ќе биде претседател на државата, а кој премиер, отколку надвикувањата со лошо глумење на некаква загриженост и лутина на бројните целодневни и целовечерни телевизиски дебати. Во …

Трагедијата на изманипулираната нација Read More »

Го препознавте ли вистинскиот патриот


Во деновите на зимска пролет на ридот што ги дели Гази Баба, Бутел и Чаир на прекрасната голема полјана го сретнав мојот комшија како во кеси го собира ѓубрето што зад себе го оставиле некои несовесни „љубители“ на природата. Му велам на шега, си станал вистински патриот. Не, рече, патриотите вчера си направија убав викенд, …

Го препознавте ли вистинскиот патриот Read More »

За лажната дилема Албанец претседател и премиер


Како се одвиваат работите со предизборните пропаганди и кампањи веќе нема сомневање дека и на овие претседателски и парламентарни избори ќе преовладеат обидите да се наметне меѓуетнички конфликт меѓу Македонците и Албанците. Едните ги плашат дека како мнозински народ се понижени и сведени на граѓани од втор ред, а другите дека ништо не е остварено од ветувањата …

За лажната дилема Албанец претседател и премиер Read More »

Влегуваме во опасна предизборна кампања


Македонија влетува во кулминација на опасна, валкана и подмолна предизборна кампања. Војната за освојување на власта секој нареден ден до изборите поприма сѐ подраматични димензии на сите фронтови. Ако во текот на изминатите три децении независност на сите избори бевме жртви и сведоци на меѓуетнички конфликтни пропаганди полни со омраза кои не завршија со крајот на …

Влегуваме во опасна предизборна кампања Read More »

На ваша страна


Додека трае хаосот со пасошите, возачките, дозволи, сообраќајните книшки и налепници на регистерските таблички, осигурителните полиси кои ги запалија социјалните мрежи и станаа главна тема во сите медиуми, се присетив како ние, поборници на „големите политички и економски теми“, во постојана потрага по новинарски подвизи се соочивме со сознанието колку се значајни неправедно наречените „мали теми“ …

На ваша страна Read More »

Стоте дена на премиерот Талат Џафери


По утрото се познава денот какви ќе ни бидат стоте дена на привремената влада со премиер Албанец, чија најзначајна задача е да спроведе демократски, фер и веродостојни избори. Одбројувањето почна со триумфалистичките церемонии и еуфорија во ДУИ. Истовремено со изборот Албанец премиер се вжешти албанофобијата кај ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Силно одекна и шокантното откритие кај …

Стоте дена на премиерот Талат Џафери Read More »

Што ручаа Ковачевски, Заев и Ахмети


Можеме да здивнеме со олеснување бидејќи македонското истражувачко новинарство ја откри големата тајна на историскиот ручек кој траел рамно четири часа, тринаесет минути и 25 секунди кога премиерот Димитар Ковачевски задоволен ги испратил своите гости Зоран Заев и Али Ахмети. Го платил цехот, а оставил и голем бакшиш, бидејќи вештите готвачи успеале среде зима да подготват …

Што ручаа Ковачевски, Заев и Ахмети Read More »

Колку ЕУ може да ја промени Македонија?


Само уште неколкумина последни медиумски Мохиканци се бават со темата колку преговорите со Брисел и членството во ЕУ можеше, и сѐ уште може да ја промени Македонија, и колкави и какви штети им се нанесени на граѓаните што тоа не се случи досега. Виновниците за оваа катастрофална стратегиска грешка успеваат и натаму да мобилизираат следбеници …

Колку ЕУ може да ја промени Македонија? Read More »

Принудна управа или Европа?


Ако денес, по повеќе години, повторно го читам предлогот на еден поранешен премиер на Македонија дека треба да се укинат политичките партии и Собранието, а за спасување на државата да се воведе принудна управа под надзор на странци, немаше да бидам категорично против тоа еден бивш премиер на независна Македонија да објави јавно таква размисла …

Принудна управа или Европа? Read More »

Што нѐ чека во 2024 година?


Ако првиот одговор на претенциозниот наслов на оваа последна моја овогодишна колумна ви е: не знам, нѐ очекува голема неизвесност вие сте реален човек. Тоа е, според некои оценки, карактеристика на добро информиран оптимист, дистанциран од партиските постојани и особено предизборни кампањи. Други гатачи тој одговор за големата неизвесност што нѐ очекува го квалификуваат како …

Што нѐ чека во 2024 година? Read More »

Геополитичкото глупирање во подем


„Владимир Путин вели дека е религиозен и дека силно ја поддржува Руската православна црква. Ако е така, тогаш е лесно возможно секоја вечер кога ќе оди на спиење и да се помоли да го прашува Господ: ‘Зошто не си создал некои планини во Украина?’ Ако Господ создал планини во Украина, тогаш големото пространство познато како …

Геополитичкото глупирање во подем Read More »

Монструмите се ликвидираат кога се мали


Монструмите најлесно се ликвидираат кога се во ембрионална фаза, кога се мали. Можеш да ги згазиш како лебарка. Ако ги оставиш да пораснат тие ќе газат сѐ пред себе. Стануваат моќни злосторници добро затскриени во јавниот амбиент кој самите го создаваат како во овој редок случај, ако не и единствен, кој оневозможува јасно да се …

Монструмите се ликвидираат кога се мали Read More »

Ќе градиме фабрики за производство на минатото


Збогум Европо. Вашиот диктат за нашата иднина да бидеме во едно семејство е силен удар врз нашето достоинство и гордост. Понудата не важи. Ние остануваме да работиме во три смени во нашите најрентабилни фабрики за производство на минатото кое сакате да ни го избришете. Ќе градиме и нови фабрики за рециклирање на нашата богата историја …

Ќе градиме фабрики за производство на минатото Read More »

Во темнината на заборавот


Во Македонија во изминатите 18 години, од 2006 до 2023 година стасаа 18 извештаи на Европската комисија за едногодишниот напредок на земјата. Сите тие густо отпечатени на по 120 до 130 страници, а со нормален проред над 200 страници. Вкупно, некаде околу 3.600 страници согледувања на европските влади  за нашите состојби и реформи на патот кон ЕУ. Што …

Во темнината на заборавот Read More »

Хаос во правосудниот систем


Дали хаосот во правосудниот систем ја доведува во прашање иднината на Македонија, или тоа е врвот на драматичните последици на целосно партизираното општество? Она што се случува последниве месеци во државата, во суштина е тажниот епилог од „смртната постела“ на повеќедеценискиот метастазиран систем на владеење на правото. Дијагнозата на тешко болниот организам беше воспоставена од …

Хаос во правосудниот систем Read More »

Реформите на Ататурк и Македонија


Речиси и да нема случај во историјата на новиот век, што се смета почнувајќи од Француската буржоаска револуција 1789 година, кој уште трае, еден државник, војсководец и реформатор да покрене и спроведе такви коренити промени како што тоа го направи Мустафа Кемал Ататурк за само 15 години. На 29 октомври Турција одбележа 100 години од прогласувањето …

Реформите на Ататурк и Македонија Read More »

Блокада на умот во екот на светски војни


Две големи војни повторно му се закануваат на светот, иако не поминаа ни сто години од Втората и Првата светска војна, од најголемите ужаси, разорувања, страдања и жртви на стотици милиони луѓе што ги доживеало човештвото од своето постоење. Според многу релевантни оценки, светот влегува во најопасниот период во последните децении. Ако кликнете на вашиот …

Блокада на умот во екот на светски војни Read More »

Будалите немаат рогови


Сите прават анкети, па си реков ај и јас да направам едно испитување на јавното мислење. Избрав 2.695 луѓе не по случаен, туку по строго намерен личен избор. На тоа се одлучив бидејќи во демократијата, особено при избори, двајца будали повеќе вредат од еден паметен. Поставив само четири прашања, на кои можете и вие да одговорите. …

Будалите немаат рогови Read More »