Данска прв финалист на Светското првенство во ракомет


 Данска ја совлада вечерва Шпанија со 26-23 во првото полуфинале на 28. Светско првенство во ракомет и во финалето в недела ќе ја брани титулата освоена на Мундијалот пред две години во Египет. Данците од самиот почеток остварија предност од четири голови и на полувреме заминаа со водство од 15-10. Предноста од пет голови ја …

Данска прв финалист на Светското првенство во ракомет Read More »

Тунис го совлада светскиот првак, но остана со куси ракави, во осминафиналето Франција и Австралија


Франција и Австралија се во осминафиналето на Мундијалот. Франција оди во нокаут фаза како прва, Австралија како втора во групата. Австралија во клучниот меч ја победи Данска со 1:0, додека Тунис направи сензација бидејќи ја победи Франција, но тоа не беше доволно. Голот за Тунис на последниот натпревар во групната фаза против Франција го постигна …

Тунис го совлада светскиот првак, но остана со куси ракави, во осминафиналето Франција и Австралија Read More »

Парламентарни избори во Данска


Данците денеска гласаат на парламентарни избори со неизвесен исход бидејќи опстанокот на социјалдемократската премиерка во заминување Мете Фредериксен, која се соочува со коалиција на десницата и екстремната десница, може да зависи од помала центристичка партија. Избирачките места се отворени од 08:00 до 20:00 часот, додека првите резултати се очекуваат околу 21:30 часот, пренесе Бета. Според последните анкети, блокот на премиерката би можел да …

Парламентарни избори во Данска Read More »

Бродовите на „Маерск“ ќе пловат побавно за да заштедат гориво


Данскиот логистички гигант „Маерск“ најави дека во иднина неговите контејнерски бродови ќе пловат побавно за да заштедат од скапото гориво, што е промена од пандемиската политика на брзи испораки. „Маерск“ годинава очекува стабилен или дури и намален обем на транспорт преку океаните поради пониските лични трошоци во САД и намаленото расположение предизвикано од руската инвазија …

Бродовите на „Маерск“ ќе пловат побавно за да заштедат гориво Read More »

Кралска драма во Данска: Кралицата им ги одзеде титулите на четири внуци


  Се појави јаз во данското кралско семејство по одлуката на кралицата Маргрета да им ги одземе кралските титули на четворица од осумте нејзини внуци за да ја направи монархијата „отпорна во иднината“. Маргрета (82), која годинава прослави половина век на тронот, во четвртокот објави дека од следната година децата на нејзиниот помал син, принцот …

Кралска драма во Данска: Кралицата им ги одзеде титулите на четири внуци Read More »

Данска ќе го забрани производството на јајца од фарма до 2035 година


  Министерството за храна, земјоделство и рибарство на Данска соопшти дека ќе ги забрани новите фарми за јајца од следната година. Целосната забрана за ваво производство на јајца ќе стапи на сила по 12-годишен преоден период, односно до 2035 година, за „да се обезбеди правилна конверзија на производството“, соопшти министерството. „Сакавме постепено да ги укинеме …

Данска ќе го забрани производството на јајца од фарма до 2035 година Read More »

Маргарет Втора – данската кралица има 82 години, 50 години е на престолот и е страстен пушач и уметник


  Данската кралица Маргарет Втора, која ја обедини и модернизираше данската монархија, викендов ја слави педесетгодишнината од стапувањето на тронот, но нешто поскромно поради смртта на британската кралица Елизабета Втора. 82-годишната кралица, позната по својот уметнички талент, страсно пушење и сивата пунџа, е првата жена на данскиот трон. Тој е вториот најдолговечен монарх во данската …

Маргарет Втора – данската кралица има 82 години, 50 години е на престолот и е страстен пушач и уметник Read More »

Данска најави инвестиции од 5,5 милијарди долари во нови воени бродови


Данска се очекува да инвестира 40 милијарди дански круни (5,47 милијарди долари) во нови воени бродови, бидејќи членката на НАТО се обидува да ја зајакне својата поморска безбедност по руската инвазија на Украина, соопшти денеска данското Министерство за одбрана. -Како дел од инвестициите што треба да се направат во следните 20-25 години, започна партнерство со …

Данска најави инвестиции од 5,5 милијарди долари во нови воени бродови Read More »

Во Данска основана партија што ја води вештачка интелигенција


  Во Данска е формирана нова политичка партија, Синтетичка партија, чија политика во потполност е водена од вештачка интелгенција. Партијата има намера да се кандидра на перетстојните општи избори во 2023 година. Потребно им е 20.182 потписи за тоа, но засега имаат занемарлив број потписи. Партијата ја покрена уметничкиот колектив Компјутер Ларс во мај годинава, …

Во Данска основана партија што ја води вештачка интелигенција Read More »

Данска објави нов температурен рекорд од 35,6 степени


Данска објави нов температурен рекорд од 35,6 степени, вредност што не била измерена 81 година. Според Светската метеоролошка организација, невообичаено високите температури кои ги мачат жителите на голем број европски земји ќе продолжат до средината на следната недела.

(Видео) Објавена снимка од пукањето во трговскиот центар во Данска: „Ова е терористички напад…“


На социјалните мрежи се појавија снимки на кои наводно се гледа пукање од огнено оружје во трговски центар во Копенхаген, каде напаѓач во неделата уби три лица и тешко повреди неколку од нив. Освен тоа, на снимката се гледа „стампедо“ од луѓе кои трчаат низ трговскиот центар додека во позадина се слушаат пукотници. „Терористички напад …

(Видео) Објавена снимка од пукањето во трговскиот центар во Данска: „Ова е терористички напад…“ Read More »

Ги намамувал жртвите – тројца загинати и три лица во критична состојба по пукањето во трговскиот центар во Копенхаген


Загинаа три лица при вчерашното пукање во трговскиот центар во Копенхаген, соопшти данската полиција. Убиени се двајца млади, чија возраст не е прецизно наведена, како и машко лице во своите четириесетти години. Има повеќе повредени, од кои тројца се во критична состојба. Осомничениот, 22-годишен Данец, кој при апсењето не пружеше отпор, на полицијата ѝ е …

Ги намамувал жртвите – тројца загинати и три лица во критична состојба по пукањето во трговскиот центар во Копенхаген Read More »

Принцот на Данска испишан од елитен интернат по  информации за малтретирање на студентите


Данска– Принцот Фредерик и принцезата Мери од Данска објавија дека го отпишуваат својот син од елитен интернат откако се појавија извештаи за сексуална злоупотреба и малтретирање во институцијата. Фредерик (54) е наследник на данскиот престол. Тој и Мери, 50, имаат четири деца: принцот Кристијан, 16; принцезата Изабела, 15; и близнаците принцот Винсент и принцезата Џозефина, …

Принцот на Данска испишан од елитен интернат по  информации за малтретирање на студентите Read More »

Данска и официјално се приклучи кон европската одбранбена политика


Данска денеска официјално ја информираше Европската унија дека одлучила да се приклучи на нејзината одбранбена политика. За време на церемонијата на примопредавање на писмата, на која Данска ја информира ЕУ за својата одлука, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел му кажал на својот дански колега Јепе Кофод дека Данците ја направиле Европа пообединета. -Европската унија …

Данска и официјално се приклучи кон европската одбранбена политика Read More »

По речиси 50-годишен спор Канада и Данска поделија мал арктички остров


Данска и Канада ќе го поделат на еднакви делови малиот ненаселен остров на Арктикот, познат како Ханс Ајленд, со што ќе се стави крај на речиси 50-годишниот спор околу сопственоста на оваа територија, соопшти денеска данското Министерство за надворешни работи. Канада и Данска ќе го поделат островот од 1,2 квадратни километри, што се наоѓа на …

По речиси 50-годишен спор Канада и Данска поделија мал арктички остров Read More »

Данците на референдум се изјаснија за учество во заедничката одбранбена политика на ЕУ


Три месеци по руската инвазија на Украина речиси 67 отсто од Данците се изјаснија за учество во заедничката одбранбена политика на Европската унија, покажуваат речиси целосно обработените резултати од вчера одржаниот референдум. Позитивниот исход од изјаснувањето доаѓа откако Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО, бидејќи војната во Украина поттикна неколку европски земји …

Данците на референдум се изјаснија за учество во заедничката одбранбена политика на ЕУ Read More »

Швајцарија не и дозволи на Данска реекспорт на оружје за Украина


Швајцарската влада ставила вето на барањето на Данска да испрати оклопни транспортери од швајцарско производство во Украина, повикувајќи се на својата политика на неутралност според која земјата не испорачува оружје во конфликтните зони, објави швајцарската телевизија „СРФ“. Телевизијата се повикува на одлука на Државниот секретаријат за економски прашања (СЕКО) кој го отфрлил барањето на Данска …

Швајцарија не и дозволи на Данска реекспорт на оружје за Украина Read More »

Македонка (22) загина во несреќа во Данска


Дваесет и двегодишна девојка од Македонија загина во несреќен случај на своето работно место во Данска. Според данската полиција, настраданата девојка работела како хигиеничарка во училиште, каде што се случила несреќата со машина за чистење. Данските медиуми јавуваат дека таа била пренесена во болница со тешки повреди на кои им подлегнала. „Ние сме во процес …

Македонка (22) загина во несреќа во Данска Read More »

Данска екпресно ја поздрави одлуката на Финска за членство во НАТО


Данска денеска ја поздрави веста на финското раководство за брз прием на земјата во НАТО, јави ДПА. „Данска, се разбира, топло ќе ја пречека Финска во НАТО“, пишува во изјава на премиерката Мете Фредериксен на Твитер. Таа додаде дека со пристапувањето на Финска, ќе се зајакне НАТО и заедничката безбедност. Се додава и оти Данска …

Данска екпресно ја поздрави одлуката на Финска за членство во НАТО Read More »

Данска ги укина стипендиите за студирање во Русија и во Белорусија


Данските студенти кои студираат во Русија или во Белорусија повеќе нема да имаат право на дански државни стипендии, одлучи денеска парламентот во Копенхаген. Според данскиот закон, граѓаните на таа земја имаат право на финансиска поддршка за време на нивните студии, без разлика каде се школуваат. Смислата на тој систем е да им се овозможи на …

Данска ги укина стипендиите за студирање во Русија и во Белорусија Read More »