(Видео) Објавена снимка од пукањето во трговскиот центар во Данска: „Ова е терористички напад…“


На социјалните мрежи се појавија снимки на кои наводно се гледа пукање од огнено оружје во трговски центар во Копенхаген, каде напаѓач во неделата уби три лица и тешко повреди неколку од нив. Освен тоа, на снимката се гледа „стампедо“ од луѓе кои трчаат низ трговскиот центар додека во позадина се слушаат пукотници.

„Терористички напад во Копенхаген“, гласи видеото објавено на Твитер.