Во Данска основана партија што ја води вештачка интелигенција


 

Во Данска е формирана нова политичка партија, Синтетичка партија, чија политика во потполност е водена од вештачка интелгенција.

Партијата има намера да се кандидра на перетстојните општи избори во 2023 година. Потребно им е 20.182 потписи за тоа, но засега имаат занемарлив број потписи.

Партијата ја покрена уметничкиот колектив Компјутер Ларс во мај годинава, со цел да допре до околу 15 отсто од Данците кои не го искористиле своето право на глас на претходните избори во 2019 година.

Тие сметаат дека Данците не гласале затоа што не им допаѓа ни една традиционална партија и дека програмата која ја нуди вештачката интелигенција е вистински погодок.

Синтетичката партија има програма за која верува дека претставува политички визии на обичниот човек. Меѓу предлозите е воведувањето универзална основна плата од 100.000 круни што е повеќе од војно од моменталната просечна плата во Данска. Исто така, предлагаат овозможување на луѓето и на алгоритмите да коегзистираат подиректно отколку сега.